Комбинација што со години предизвикува контроверзии: Краставици и домати – можат ли заедно?

Засега нема научни истражувања што би потврдиле дека омилената летна салата на многумина всушност не е добра комбинација.

„Експертите“ пред извесно време објавија дека комбинацијата на домати и краставици е забранета. Тие наведоа различни аргументи за тоа: од ајурведските закони (како на пример дека доматите се за стимулирање еден вид енергија, а краставиците за друг) до обиди да се повикаат на теоријата за алкализација на организмот.

Нема да зборувам за ајурведата. А како претставничка на функционалната медицина, која се заснова на биохемија и научни истражувања, ќе кажам дека не гледам ниеден валиден аргумент што ја потврдува неспојливоста на овие зеленчуци.

Ама затоа има заблуди колку ти душа сака!

ЗАБЛУДИ ЗА НЕСПОЈЛИВОСТА

ЗАБЛУДА 1: Краставицата има високо ниво на pH и го алкализира организмот, додека доматот, напротив, содржи многу киселини и го закиселува.

Заклучок: не смеат да се јадат заедно.

ВСУШНОСТ: Како и лимонот, доматот е алкализирачки производ, без оглед на ниското ниво на pH (висока киселост).

ЗАБЛУДА 2. Комбинацијата од краставици и домати е штетна бидејќи витамините во тој случај не се апсорбираат.

ВСУШНОСТ: Досега не сум видела ниедно такво истражување:

„Контролна група од илјада луѓе на возраст X секојдневно јадела салата од краставици и домати во такво и такво количество, а друга група јадела домати и краставици одделно. Кај љубителите на класичната салата бил забележан недостиг од витамин Х, како и нарушено здравје…“

Нема такви испитувања. А штом нема, тоа не е научно потврдено.

Пишува: Екатерина Јенсен, нутриционистка

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.