Нутриционистка јадела само банани 12 дена: Еве што се случило со нејзиното тело!

Многу се изненадила од ефектите!

Јулија Талбат спровела мал експеримент за да утврди како точно влијаат бананите врз слабеењето и здравјето генерално

Имено, бананите се овошје богато со влакна, кое има бројни ефекти врз здравјето. Поради влакната што прават подолго да се чувствуваме сити, можат да помогнат и во слабеењето, а нутриционистката Јулија Талбат спровела мал експеримент за да утврди како точно влијаат бананите врз слабеењето.

Таа 12 дена јадела само банани за да ослаби и да го прочисти организмот, а еве до кои правила се придржувала за време на овој режим на исхрана:

Јадела банани колку сака, но ништо друго освен тоа. Понекогаш додавала малку зелена салата со последниот оброк во денот. Консумирала исклучиво зрели банани, внимавајќи да го внесе истиот број на калории што ги внесува кога јаде нормално. Пиела многу вода, до три литри дневно и ги имала вообичаените физички активности.

Повеќе одморала, бидејќи телото минува низ фаза на детокс и закрепнување.

Истражувањето покажало дека бананите можат да бидат одлучен сојузник за слабеење. Просечната банана содржи околу 90 калории, што е далеку помалку од некое чоколатце што би го изеле. Исто така, содржи многу влакна кои се растворливи, што значи дека апсорбира вода и го забавува варењето.

Јулија успеала да симне 3 килограми и да ја исфрли насобраната течност.

Резултати од диетата

Џулија тврди дека целото време додека се придржувала до овој режим на исхрана, во период од 12 дена, се чувствувала одлично и немала никакви несакани последици. Истакнува дека состојбата на умот ѝ била многу бистра, дека била концентрирана и ефикасна во извршувањето на своите задачи. Исто така, била добро расположена и немала нагли промени на расположението.

Па така, може да се каже дека овој 12-дневен детокс со банани вродил со плод, но сепак би требало да се посоветувате со лекар пред да воведете какви било рестрикции во исхраната.

Освен тоа, доктор Дејвид Хебер истакнал дека овој режим на исхрана не е добар, бидејќи бананите не содржат протеин, најважниот нутриент што го контролира апетитот и метаболизмот.

„Не е најважно само да симнете килограми, туку важно е и каква ќе биде структурата на телото потоа. Ако се изгладнувате или јадете само јаглехидрати, половина од тежината што ќе ја изгубите ќе бидат мускули. Секој половина килограм мускул што ќе го изгубите, го забавува метаболизмот за 140 калории дневно. Кога ќе изгубите околу половина килограм мускул, вашето тело ќе согорува околу 140 калории помалку на дневно ниво. Тогаш однадвор ќе изгледате слабо, но ќе имате масти однатре. Редовната физичка активност и внесувањето доволно протеини со разно овошје и зеленчук, а со ограничено внесување јаглехидрати, е клучот за здраво слабеење“, порачал доктор Хебер.

Еве што ќе се случи со вашиот организам ако еден месец јадете презреани банани: Чуда прават!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.