Нутриционистка издвоила 5 најбизарни диети на познатите: Драстично ослабеле, но си го загрозиле здравјето

Никако не ги испробувајте!

Нутриционистка издвоила пет диети што ги држеле различни познати личности, со напомена да не ги испробувате самостојно!

Поради фактот што се јавни личности, многу актери и пејачи се под притисок да изгледаат на одреден начин. Без разлика дали е тоа поради некоја улога во филм или едноставно сакаат да изгледаат најдобро што можат, тие често подлегнуваат на одредени режими на исхрана, кои ќе ги доведат до целта, не размислувајќи многу за последиците.

Поради желбата што побрзо да дојдат до посакуваниот изглед, тие некогаш применуваат брзи, но нездрави варијанти.

Нутриционистка издвоила 5 диети на познатите личности, со напомена дека никако не треба да ги испробувате…

Натали Портман

Натали Портман за улогата на балерина во филмот „Црн лебед“, за која добила и „оскар“, морала да ја сведе својата на тежина на само 40 килограми. Нејзината дневна исхрана се состоела од половина грејпфрут, морков и малку бадеми. Звучи брутално, но се исплатело!

Бијонсе
Фото: Guliver/Getty Images

Една од најпознатите пејачки на светот, Бијонсе, престанала да јаде цврста храна за да изгуби 7 килограми поради улогата во филмот Dreamgirls. Пејачката две недели пиела само вода со лимонов сок, црвен пипер и јаворов сируп. Иако го постигнала тоа што го сакала, Бијонсе признала дека никогаш не би ја повторила оваа диета.

Кристијан Бејл

Актерот Кристијан Бејл за една улога морал да изгуби дури 30 килограми за 4 месеци. Неговата исхрана се состоела од конзерва туна и јаболка, и никако не смеела да надмине 300 калории. Актерот пиел многу вода за да го ублажи чувството на глад. Покрај килограми, изгубил и мускули, што дополнително придонело за неговиот бизарен изглед.

Риз Витерспун
ФОТО: Reuters

По породувањето, Риз Витерспун ја пробала популарната исхрана што се темели на храна за бебиња, со цел да ги симне вишокот килограми што ги качила со бременоста. Процесот е едноставен, кашестата храна лесно се вари, а големината на оброците гарантираат дека нема да се прејадете.

Метју Меконахи

Метју Меконахи четири месеца бил на екстремно строга диета, благодарение на што симнал повеќе од 20 килограми. Неговата исхрана подразбирала голема количина на течности и протеини. Меѓутоа, Меконахи истакнал дека психолошкиот притисок му бил најтешкиот дел од оваа диета.

Синди Крафорд (56) се колне во оваа диета и изгледа брутално: Овој режим на исхрана симнува 5 кг за една недела! (МЕНИ)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.