Не знаела дека ја фотографираат, па сите ги изненадила: Вака изгледа телото на најплатената манекенка на дневна светлина!

Како ви се допаѓа?

Кендал е најплатената манекенка за која многумина сметаат дека нема направено ниедна пластична операција

Кендал Џенер, 27-годишната членка на кланот Кардашијан-Џенер, веќе неколку години ја носи титулата „најплатена манекенка“ на глобално ниво и има остварено значаен успех во модниот свет.

Нејзиниот природен и ненаметлив пристап кон животот се разликува од другите членови на семејството Кардашијан-Џенер. Иако е членка на овој познат клан, нејзините соработки со реномирани светски дизајнери доволно зборуваат за нејзината независност и успешна кариера.

Меѓутоа, одреден дел од јавноста го ставаат под знак прашалник нејзиниот успех, со оглед на тоа што прво станала препознатлива како членка на најпознатото ријалити семејство на светот.

Многу скептици тврдат дека нејзиниот пат до успехот веројатно би бил поинаков кога нејзините мајка и сестри не би биле познати јавни личности. Сепак, овие коментари не допираат до неа. И покрај сомнежите што повремено се појавуваат, Кендал неуморно работи на својата кариера и настојува да се докаже како независна и талентирана девојка.

Во моментов, Кендал ужива на луксузен одмор во Кабо Сан Лукас, Мексико, во друштво на своите блиски пријателки како Хејли Бибер, Џастин Скај и Лори Харвеј. Папараците ги фотографирале додека поминувале време заедно на јахта, уживајќи во сончевите зраци и во убавините на морето.

Објективот најмногу бил насочен кон Кендал, која се бањала и сончала во минијатурен и шарен костим за капење, а во оваа пригода може да се види нејзиното извајано тело, без ронка Фотошоп и обработка.

Познато е дека Џенер редовно оди на часови по пилатес, а и понатаму е единствената Кардашијанка која нема зголемено ниту еден дел од своето тело, иако се шушкаше дека го сторила тоа со градите.

Како ви се допаѓа изгледот на Кендал Џенер?

Кендал Џенер со проѕирна маичка: Под неа не носи градник! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.