Кендал Џенер со проѕирна маичка: Под неа не носи градник! (ФОТО)

Нема срам...

Манекенката Кендал Џенер, постојано го привлекува вниманието со провокативни фотографии кои ги објавува на социјалните медиуми.

Овој пат, сите очи беа вперени кон неа поради смелата модна комбинација што ја носела на вечерата со пријателките во еден италијански ресторан во Санта Моника, пренесува „Пејџ сикс“.

Во придружба на Хејли Бибер, манекенката на вечерата дошла облечена во кафено кожено здолниште кое го искомбинирала со тесна, проѕирна маица. Под маицата не носела градник, па слободно ги прошетала голите гради.

Инаку, последниве години се шпекулира дека Кендал неколку пати била подложена на естетска операција, а многумина се убедени дека таа ги зголемила своите гради.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.