Во продажба е новиот број на „Убавина и здравје“: Уживајте во сѐ убаво што ни носи есента… Уживајте во својот личен простор каде што секогаш нѐ пуштате и нас!

Со секој купен примерок, испробајте ги новитетите на нашите пријатели – „Виолета“, „Орифлеим“ и „Виталија“

Личниот или приватен простор е минимумот на слободен физички простор за кој психолозите тврдат дека му е неопходен секому. Проблемот е што овој личен простор нема видливи граници и останува секој од нас да процени кому и до која мера може да му се приближи.

За волја на вистината, постојат повеќе теории во кои личниот простор е дефиниран, научно истражуван во рамките на проксемиката, па дури се одредени и „кругови на врските“, односно колку блиску би требало да приоѓаат лицата од социјалната, семејната или работната средина.

Иако ретко кој е запознаен со споменатите теории, на секому од нас му е познато чувството кога ви станува непријатно поради нечие присуство покрај вас.

Психолозите тврдат дека тоа е поради узурпацијата на личниот простор. Преполни простории, дискотеки, мачно разминување во тесни холови или превозни средства…

Нашата „нова реалност“ ме потсети на оваа тема. Сѐ до појавата на пандемијата, и самата не бев свесна дека и мојот „личен простор“ често беше узурпиран во повеќе ситуации, поради што чувствував нелагодност.

Сепак, како сите да се помиривме дека е неопходно или социјално прифатливо да узурпираме или да ни го узурпираат просторот, најчесто под изговорот – нема место. Засега се дефинирани границите на физичко растојание како превентивна мерка за ширење на вирусот, но би можеле тоа да го искористиме и практикуваме и понатаму, кога сево ова ќе заврши.

Би можеле конечно да го негуваме „личниот простор“, и сопствениот и оној на околината, бидејќи има место. Да ги почитуваме невидливите граници!

Но узурпацијата на физичкиот простор не е единствена причина за нелагодност. Луѓето често имаат проблем да постават граници и во комуникацијата. Што е дозволено да му кажете некому? Што е прифатливо да побарате, па макар и од најблиските? Дали некогаш дозволуваме или си дозволуваме премногу (стр. 80)?

А размислувајќи за човековата природа и социјално дефинираните правила на однесување, отидовме чекор подалеку – анализиравме дали моногамијата е за секого (стр. 76)?

Овој број е особено убав и поради прекрасната модна разгледница на „Фешн груп“ (стр. 44). И нашиот тим се израдува на овој амбициозен моден проект, кој повторно внесе енергија по паузата што настапи од почетокот на 2020-та и ќе израдува многу вљубеници во модата.

Уживајте во сѐ убаво што ни носи есента… Уживајте во својот личен простор каде што секогаш нѐ пуштате и нас! Благодариме за тоа. Ве сакаме!

Текст: Јована Стојменовиќ

Фото: Мирко Табашевиќ

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.