Пејачката тврди дека градите ѝ пораснале откако почнала да јаде

Го надмина нарушувањето во исхраната

Деми Ловато (28) сподели две селфи-фотографии на социјалните мрежи со кои потврди во колкава мера ѝ се сменила формата на телото откако успеала да го реши проблемот со нарушување на исхраната.

Никогаш немав гради додека не почнав да јадам што сакам. Цел живот ги мразев малите гради, а кога конечно се соочив со своите проблеми со храната – ги добив посакуваните облини”, вели популарната пејачката.

Деми појасни дека на фотографијата не носи пушап-градник и вели дека градите на фотографијата ѝ се природни.

 

Ова нека ни биде лекција… нашите тела ќе го направат потребното само ако им дозволиме и престанеме да ги контролираме“, напиша Ловато во описот на објавените фотографии.

Деми почна искрено да зборува за својата борба со нарушувањето во исхраната во почетокот на годината на поткастот на моделот Ешли Греам.

Не сакам повеќе да трчам до исцрпеност и да се уништувам со тренинзи и екстремни диети“, призна пејачката на почетокот на годината.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.