Во продажба е ноемвриското издание на најтиражното списание за жени: Упаднавме во ролекостер

Држете се цврсто!

Со секој примерок на „Убавина и здравје“ испробајте ги новитетите на нашите пријатели: крем за лице Q10 BOOST од „Афродита козметика“; магнезиум од „Магнетранс“ и универзален зачин „Маги“

Здраво, драги наши вљубеници во убавината на животот. Па, дури и ако има некој таму што не е свесен за своите афинитети кон фините нешта, кои уште ги нарекуваат и уметност на живеењето, ние сме сигурни дека „Убавина и здравје“ е ваша миленичка токму поради тоа.

На креаторите, како и на читателите на овој магазин, заедничка ни е потребата да се восхитуваме, да уживаме во естетските доживувања, да трагаме по инспирација за што поубаво секојдневие. Знаеме, оваа година сите упаднавме во ситуација што е слична на возење на ролеркостер, за кој никој од нас не побара да купи билет.

Но веќе сме на своето место и што е тука е, мора да се возиме. Мора и да се снајдеме најдобро што можеме во вратоломните спустови и кривини за да останеме на своето место. Верувам дека никому не му е лесно. Неизвесноста раѓа најмногу стравови што ни го нарушуваат мирот, кој на сите ни е потребен. Но наша задача, како и секогаш, е да ве инспирираме!

Веруваме дека и во овој број ќе пронајдете многу мали нешта што ќе ви помогнат во менаџирањето на стресот и ќе ви помогнат да си поставите некоја нова цел што ќе сакате да ја исполните и со тоа да бидете подобро и да бидете посреќни.

Посветете се на негата на убавината (стр. 33), новите концепти не се фокусирани на битка со годините и не одат анти што било, туку фокусот е на извлекувањето максимум од секоја доба – проејџинг. Никогаш не е доцна за остварување на желбата за фит-тело. Задоволството од сопствениот изглед е сигурен рецепт за среќа. Вежбајте повеќе, постигнете ја својата дамнешна фитнес-цел во домашни услови (стр. 61), сега барем имате повеќе време.

Следете ги чекорите на пионерите што ги преселија своите бизниси онлајн (стр.76). Ослободете се од негативните емоции, и тие ви штетат пред сѐ вам, не осудувајте (стр.32)! Наместо тоа, направете нешто убаво и здраво со мирис на тиква (стр. 92)!

Држете се цврсто!

Ве сакаме,

Ваша Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

Фото: Приватна архива, „Убавина и здравје“

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.