Маж со женска убавина: Синот на Елизабет Харли повторно збунува со својот изглед!
Убавец!
Сите зборуваат дека младичот е премногу женствен, но модниот свет го почитува тоа
Дамијан Харли бил фотографиран во Лондон како се шета со лакирани нокти на рацете, без да им обрне големо внимание на фотографите, кои ги забележал.
Синот на популарната британска актерка Елизабет Харли, 18-годишниот Дамијан Харли знае како да го привлече вниманието на фотографите и на јавноста, дури и кога ќе излезе на кратка прошетка со заштитна маска.
Овој пат, убавецот кој премногу личи на неговата славна мајка, привлекол внимание со интензивните црвени нокти, додека се шетал по лондонските улици во лежерно издание. Дали лакот му останал на рацете по некое модно снимање или го оставил од сопствено задоволство, не е познато, но во секој случај, сите го воочиле.
Дамијан последниве неколку години стана барано лице во светот на модата и стекна голем број обожаватели, па на Инстаграм моментално го следат 90,6 илјади луѓе.
View this post on Instagram
Меѓу последните кампањи што ги снимил, било снимањето со една од најубавите жени во светот, манекенката Ирина Шајк.
View this post on Instagram
Ирина го испофалила младиот колега и истакнала дека тој е природно убав младич со кого ѝ било задоволство да работи.