Што ќе читате во декемврискиот број на „Убавина и здравје“

НА НАСЛОВНАТА: Стефанија Кржеска и Филип Макрадули, ФОТО: Александар Вржалски, ШМИНКА И ФРИЗУРА: Владимир Трајковски, ФУСТАН: модно студио NANA, НАКИТ: Swarovski

Драги наши, пристигна декемврискиот број на најстарото и највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“, богато со содржини кои ќе можете да ги читате на 156-те страници, со подароци, новитети, совети, предлози… всушност, со сето она на кое сте навикнати изминативе години, за време на долгогодишната дружба со нас!

На насловната страница се младата Стефанија Кржеска, која победи во натпреварот U&Z Influencer Awards 2019, и Филип Макрадули, победник во категоријата IntraMan, а многу поопширно за нив и за преостанатите победници во категориите ќе можете да прочитате во самиот магазин.

Се надеваме дека и овој пат нема да ве изневериме – затоа вредно работевме месец и половина, подготвувајќи го последното издание на магазинот во 2019-та година.

Со секој примерок испробајте:
– бомбончиња #skittles
– производи за нега #organique Bellina
#AlwaysPlatinum влошки.

Исто така, ве очекуваат и ваучери со попуст во „Студио Анфи“ и „Студио Вељанова“, совети за совршена новогодишна шминка, украси за коса, модни комбинации за незаборавен пречек, патувања, гатрономски деликатеси, совети од експерти кои ќе ви помогнат да ги унапредите своето здравје, љубовниот живот и уште многу, многу други корисни совети и информации, грижливо избрани и сработени од наша страна специјално за вас, драги читатели, кои со вашите коментари, писма, лајкови и фотографии секојдневно ни потврдувате дека тоа што го правиме има смисол…

Среќна Нова година и честити празници од редакцијата на „Убавина и здравје“! Бидете ни здрави, среќни и весели, и се читаме и следната година!

Во продолжение погледнете само мал дел од содржините во новиот број на „Убавина и здравје“!

Редакцијата на „Убавина и здравје“

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.