Највкусниот десерт: Кралица меѓу тортите!

Идеална е за празниците

Ретко што може да го замени овој традиционален десерт

Состојки:
  • 10 јајца
  • 250 г маргарин
  • сок од половина лимон
  • 300 г мелени ореви
  • 500 г шеќер
  • 2 кесички шлаг
Приготвување:

Одвојте ги жолчките од белките. Направете две кори од по 5 белки, 200 г шеќер и 1-2 лажици лимонов сок.

Обложете го плехот со хартија за печење, подмачкајте го малку со масло и убаво распоредете ги белките. Сушете ги во рерна на 150 степени околу еден час и половина до два, а ако треба и повеќе. Проверете дали е сува кората со чепкалка. Така испечете ја и втората кора.

Изматете десет жолчки со преостанатите 10 г шеќер и варете ги на пареа додека згуснат. Во смесата додајте мелени ореви, па кога филот ќе се олади, додајте изматен маргарин.

Првата кора премачкајте ја со половина од филот, па покријте ја со другата кора и премачкајте ја со остатокот од филот. Озгора распоредете го изматениот шлаг, украсете по желба, па оставете ја тортата да преноќи во фрижидер.

Уживајте во најубавата торта!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.