Најголема грешка на жените во сексот е што тие не се однесуваат како повеќето мажи – себично!

Бидете божица на сексот

Фото: Unsplash

Убедени сте дека „експертизата“ во сексот е сосема природно нешто и дека нема потреба да научите нешто повеќе? Е, па не е така. Со примена на некои совети ќе станете подобри и повеќе ќе уживате

Кога почнавте со сексуален живот, воопшто не беше потребно да бидете добри во оваа област – беше доволно да учествувате. Самиот факт дека сте станале сексуални активни ви носел задоволство, а сè друго било чист бонус. Но со текот на годините, стекнавте искуство и мудрост и сега веројатно посакувате својот сексуален живот да го зачините и да го направите поинтересен. Текстот продолжува по огласот…

Инаку, усовршувањето на вештината и подигањето на квалитетот на вашиот сексуален живот не зависат од мажот, туку од развојот и од примената на личната сексуалност. Фактот да сте одлични во нешто што ви дава задоволство создава чувство на моќ. Затоа е неверојатно колкав број жени да не го сфаќаат тоа. Значи, што е тоа што нè прави одлични во сексот? Пред сè, треба да бидете…

ДОБРИ ВО СЕБИЧНОСТ

Еве еден факт: колку повеќе уживате во сексот, толку повеќе и тој ќе ужива во него. Мажите повеќе се возбудуваат и настојуваат да ја задоволат партнерката што му е посветена на сексот. Затоа преземете сè што е потребно да предизвикате таква ситуација.

Не можете да очекувате тој да го направи сексот подобар за вас, сами треба да го направите тоа. А за да ја постигнете оваа цел, самодовербата и сигурноста во она што сте и во она што сакате да го постигнете се од големо значење.

Веројатно најголемата грешка на жените во сексот е тоа што не се однесуваат доволно себично, како што се однесуваат повеќето мажи. Жена што не се воздржува да каже: „Стави ја раката на ова место“, според експертите, е сон на повеќето мажи. Така е барем од две причини. Првата: изразувањето на желбите во миговите на страст е мошне возбудливо. И втората: тој знае дека, доколку ја задоволи партнерката, истото ќе го добие за возврат, и тоа веднаш!

ДОБРИ ВО (НЕ)РАЗМИСЛУВАЊЕ

Уште една одлика на жените што ги следи репутација дека се одлични во кревет е тоа што тие не го поминуваат целото време на љубовната игра размислувајќи за тоа дека се најдобри. Најголемиот степен на задоволство во сексот се постигнува во отсуство на секакви мисли.

Во спротивно, размислување на обврските, за неплатените сметки, комплексите поради физичкиот изглед, нерешените судири со колегите или со семејството дејствуваат опструктивно и оневозможуваат постигнување возбуда и задоволство. Целосното ослободување од негативни мисли, стравови и инхибиции е услов да ја пројавите својата сексуална сензуалност, а тоа е вистинскиот пат што води кон сексуален рај.

ДОБРИ ВО ПОЧИТУВАЊЕ/ФАЛЕЊЕ НА ПАРТНЕРОТ

Можеби овој совет ќе ви звучи ретро, но пофалбите упатени кон партнерот се неверојатно делотворни. На мажите им се потребни комплименти, исто како и на жените, а ако се на сметка на нешто што направил во текот на сексот, тогаш се од голема важност. Сознанието дека поради нешто посебно ја усреќил партнерката и нему ќе му донесе поголемо задоволство.

Сосема е извесно дека тоа ќе го повтори и во следната сексуална игра. Ако се срамите да го пофалите со зборови, тогаш карактеристичните, добро темпирани воздишки, или нежно стискање или допирање на неговото тело можат да бидат еднакво ефектни. Мажите сакаат да знаат дали нешто прават добро, затоа покажете им го или кажете им го тоа.

ДОБРИ ВО ОБИДУВАЊЕ

Честите промени се добри за избегнување на рутината и на монотонијата. Истото важи и во сексот. Промените се однесуваат на позите, амбиентот, времето, местото, облеката, на техниките…

Всушност, на сè она што бара малку труд. Ефектот на изненадување поради некоја новост секогаш ја зголемува возбудата и може да ја врати страста од почетокот на врската. Исто така, некои потези што жената ги усовршила, а за кои знае дека прават чуда во креветот, се нешто што мажите апсолутно го обожаваат и поради кое се бескрајно благодарни.

Поради нив се подготвени да направат сè за партнерката. Даденото задоволство секогаш создава ефект на бумеранг, но во целосно позитивен контекст.

ЗАКЛУЧОК

Иако изгледа дека некои жени се раѓаат со сексуален талент, оваа вештина апсолутно може да се научи и да се усоврши. Жените ТРЕБА да го направат тоа! Кога сме сексуално задоволни, тогаш сме и поздрави, посреќни и порешителни во преземањето иницијатива во остварување на целите во разни сфери на животот. Да се биде добар во сексот не е само одличен афродизијак, туку и поттик за попродуктивен живот во целина.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.