Среќа или успех: Што е прво?

Среќата води до успех или успехот води до среќа и како да се пронајдат и двете нешта?

Фото: Pexels

Успешните луѓе точно знаат што сакаат да постигнат. Најчесто не знаат како ќе го направат тоа, но цврсто веруваат дека ќе успеат. И среќни се, а последично и – успешни. Преземете го нивниот рецепт! Направете листа на приоритети и почнете да верувате во себе!

Да се постигне успех понекогаш е полесно одошто мислите. Главен проблем е во тоа што повеќето луѓе не знаат што сакаат. Сакаат да се успешни и среќни во животот, но не знаат во што точно лежи нивната среќа. Мора да назначите цел што сакате да ја постигнете и да замислите дека веќе сте ја постигнале. Откако работите така ќе ги поставите во вашата глава, веќе сте на половина пат го нејзино остварување.

СЕТ КОРИСНИ И СПАСОНОСНИ УБЕДУВАЊА (Текстот продолжува по огласот)

Треба да се има предвид дека поентата е во проучување на убедувањата што ги имаат исклучително успешни луѓе, без проценување дали се точни или не се. На пример, луѓето мислат дека постои само една вистина и дека тоа е нивната вистина, па подготвени се да се борат и другите да ги убедат во тоа. Но многу успешните луѓе знаат дека секој има свои убедувања и ги почитуваат другите, без разлика дали се согласуваат со нив. Тие други луѓе чувствуваат дека се искрено почитувани, па им возвраќаат со доверба и со уважување.

Кога успешните луѓе ќе тргнат во реализација на својот план, нешто ги води кон остварување на целта, нешто не, но тие погрешните патишта не ги сметаат за неуспех туку велат „во ред, така не оди“ и веднаш го поставуваат прашањето „а како можам да стасам до целта“. Тие не се прашуваат „дали ќе“ туку „како ќе“. За жал, повеќето луѓе ќе помислат дека би било убаво кога нешто би направиле, а потоа почнуваат да ја трошат енергијата за да најдат изговори зошто не го можат тоа – поради шефот, мајката, таткото, жената, државата… Кој бара, тој и наоѓа, само прашањето е што бара.

ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ЛУЃЕТО НЕМААТ ЈАСНА ПРЕТСТАВА ЗА ТОА ШТО БИ САКАЛЕ ДА ПРАВАТ, ВО КОЈА НАСОКА БИ САКАЛЕ ДА ИМ ОДИ КАРИЕРАТА, ИЛИ АКО НЕМААТ ЈАСНИ ЦЕЛИ?

Тие се често во служба на остварување на туѓите амбиции, а проблемот се јавува кога не се мотивирани, бидејќи не знаат зошто им е важно тоа на нив самите. Веројатно многумина, откако се родиле па до денес, не одвоиле ни половина час за да се запрашаат што прво сакаат од животот. Несреќни се, а не знаат што би требало да им се случи да бидат среќни. Можеби се среќни, но не се свесни за тоа. Кога, по некое чудо, приказната за златната рипка би станала реалност и таа би ги прашала кои им се трите најголеми желби, многумина не би го знаеле одговорот.

Голем е бројот на оние што ќе речат „само да најдам работа“, а кога би ги прашале што би сакале да работат, само би слегнале со рамениците. Не е мал бројот на оние што мислат дека фирмата е место каде што се доаѓа, вработува и се зема плата. Не разбираат дека заработката не паѓа од небо, туку дека мора да се стекне со работа. За да им биде добро додека работат, би требало да најдат работа што би ја работеле и кога не би морале да заработуваат.

Кога се занимавате со нешто што го сакате, лесно ќе станете добри во тоа. За успех во животот и во работата клучни елементи не се ни богати родители, ни врски, туку мотивираност и верба дека сè е можно. Ако тоа го нема, сè друго паѓа во вода.

Фото: Unsplash

КАКО МОЖЕМЕ НА БЛИСКИТЕ ЛУЃЕ ДА ИМ ГО ВСАДИМЕ УВЕРУВАЊЕТО ДЕКА ГО МОЖАТ ТОА?

Сосила можете некому да му земете нешто, но не и да му дадете. Можеме да им дадеме само на оние што бараат. Ако некој цврсто одлучил да биде песимист, тој е единствениот што може да се извлече од тие мисли.

НА СИТЕ НИ Е ЈАСНО ДЕКА НЕ СМЕ СИТЕ РОДЕНИ ДА БИДЕМЕ СОПСТВЕНИЦИ НА ГОЛЕМИ КОМПАНИИ. КАКО ЧОВЕК ШТО НЕМА СЛУХ ЗА БИЗНИС МОЖЕ ДА ПРОНАЈДЕ РАДОСТ ВО РАБОТАТА?

Постојат прекрасни луѓе, со фантастични визии, на кои им се придружувате затоа што сакате да им бидете поддршка, затоа што нивната идеја е и ваша идеја. Важно е да знаеме што е тоа за кое сакаме да придонесеме. И тие луѓе во чија служба сме ние се исто така во нечија служба.

Секој успешен деловен човек изработува план, ги одредува приоритетите, времето кога што треба да направи нешто. Меѓутоа, наша најважна задача е да направиме план за сопствениот живот, а единствениот успех е – среќа.

Многумина мислат дека ќе бидат среќни кога конечно ќе постигнат нешто, но сите знаеме дека не е така. Би требало да бидеме свесни дека среќата е генератор на успехот, а не обратно. Има многу луѓе што ги сметаме за многу успешни бидејќи се на висока позиција и имаат многу пари, а всушност се несреќни. Парите не нè прават среќни.

НО ГО ОЛЕСНУВААТ ЖИВОТОТ?

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.