Мноооогу безобразни прашања… Што прават другите во кревет? (И НЕ САМО ВО КРЕВЕТ)

Предупредување за срамежливите: веднаш одете на следната објава!

Фото: Getty Images

Нашата анкета покажа дека сè уште сме доста конзервативни во сексуална смисла – повеќето испитанички кажаа дека имале пет или помалку партнери. Меѓутоа со тие партнери сме подготвени на сè! Најмногу експериментираат жени во 30-тите, и тоа оние во стабилни врски.

Секс со близначки Милош (32), фотограф

Статус: сингл.

Број на сериозни врски: две.

Најдолгата врски ми траеше: една година.

Сексуална фантазија: секс со близначки.

Во сексот ме одбива: кога партнерката не е свежо депилирана.

На скала од еден до пет, колку ви е важен изгледот на партнерката? Шест!

Колку партнерки сте имале досега? Одамна престанав да водам евиденција.

Најдолг период без секс: првите три месеци кога почнав да работам како бродски фотограф.

Најголем страв пред секс со нова партнерка: се плашам да не ја завршам работата прерано.

Најчудно место на кое сум водел љубов: детско игралиште. Се разбира, беше темно.

Не е битен физичкиот изглед Никола (26), студент

Статус: во врска.

Број на сериозни врски: една.

Најдолгата врска ми траеше: две и пол години.

Сексуална фантазија: фантазирам да видам љубов под маски

Во сексот ме одбива: кога ќе слушнам дека нејзините родители шетаат низ дневната соба.

На скала од еден до пет, колку ви е важен изгледот на партнерката? Не ми е пресуден, би рекол – двојка.

Колку партнерки сте имале досега? Четири.

Најдолг период без секс: ми се случило да апстинирам и по една година.

Најголем страв пред секс со нова девојка: се плашам да не сум облекол скинати гаќи!

Најчудно место на кое сум водел љубов: куќичка за лифт на врв на солитер.

Домашно секс-видео Синиша (38), професор по историја

Статус: оженет.

Број на сериозни врски: четири.

Најдолга врска: четири години.

Сексуална фантазија: со жена ми да снимам домашно секс-видео.

Во сексот ме одбива: кога жена ми пред сексот ми префрла што не сум ги завршил дневните обврски.

На скала од еден до пет, колку ви е важен изгледот на партнерката? Се разбира дека изгледот ми е еден од важните фактори… Четири или пет.

Колку партнерки сте имале досега? Десетина.

Најдолг период без секс: пола година. Да не се повтори.

Најголем страв пред секс со нова партнерка: би се плашел дека нема да бидам на „висина на задачата“ поради алкохолот во крвта.

Најчудно место на кое сум водел љубов: кабина за гардероба во еден голем трговски центар.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.