Предупредување од Франција: Некои лекови можат да ја влошат состојбата на болни од КОВИД-19

Бидете внимателни

Францускиот министер за здравство Оливие Веран предупреди дека лекови што содржат нестероидни средства, како што се ибупрофен и кортизон, можат да ја влошат состојбата на пациентите со коронавирус.

Такви се, на пример, најчесто користените „нурофен“ и „диклофенак“ (го има во лекови за болки во мускулите, како „волтарен“).

При покачена температура, треба да се земаат само лекови што содржат парацетамол, и тоа без надминување на препорачаните дози, објави „Фигаро“.

Француското Министерство за здравство објави и список на производи што не се препорачуваат.

Прочитајте и: СЗО: Не е возможно да се утврди врвот на пандемијата на коронавирусот во светот

Здравствените власти велат дека е познато дека лековите против воспаление претставуваат ризик за лицата со заразни болести бидејќи имаат тенденција да го намалат одговорот на имунолошкиот систем на организмот.

Министерството за здравство препорачува пациентите да примаат парацетамол затоа што „тоа ќе ја намали треската без да има потенцијално лоша реакција на воспалението“.

Жан-Луис Монтаструк, раководител на фармакологија во болницата во Тулуз, за ​​радио РТЛ изјави:
Антиинфламаторните лекови го зголемуваат ризикот од компликации кога постои треска или инфекција“.

Веран додаде дека 98 отсто од заболените од новиот коронавирус оздравеле.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.