Ги решаваме ваши проблеми со АТОПИСКИОТ ДЕРМАТИТИС

Прашавте - ви одговараме!

„Од детството периодично се борам со атописки дерматитис. Кожата се воспалува, се првути, црвена е и чувствувам јадеж. Забележав дека симптомите се влошуваат во зависност од годишната доба, па така зиме едвај успевам да се изборам со овој проблем.

Налето ситуацијата е малку поинаква, бидејќи сонцето, изгледа, ми годи. Веројатно и кожата тогаш го добива она што ѝ е потребно. Можете ли да ме посоветувате како да се хранам, може ли одредени намирници да ја влошат состојбата и која храна е богата со витамин Д?“, прашува нашата верна читателка Билјана од Кавадарци.

Витаминот Д се раствора во мастите. На основа на тоа заклучуваме дека можете да го најдете токму во мастите и во помрсните намирници. Тоа во прв ред се млекото и млечните производи. Некогаш атопискиот дерматитис е го следи алергија или интолеранција на лактоза. Затоа обрнете внимание на тоа дали ви пречи латоза или млечниот протеин казеин.

Полномасните млечни производи – како путер, полномасно млеко и павлака – се добри извори и кај нас се употребуваат почесто отколку риба, која е поскапа и луѓето немаат навика да ја користат, барем двапати неделно. Јајцата исто така се препорачуваат, но како и полномасните млечни производи, може да предизвикаат тегоби кај луѓето што имаат покачен холестерол.

Важно е и да поминувате време надвор, секогаш кога имате можност.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.