Доколку ви се врти во главата…

Совети од стручњак

Вртоглавицата сама по себе не е болест, но следи многу заболувања. Како да ја откриете причината за оваа непријатна појава и да си помогнете себеси кога ќе ве изненади, пронајдете во продолжението на текстот

Една од честите причини за вртоглавици претставуваат заболувања на внатрешното уво: отитис, Мениерова болест, морска болест. Тие доведуваат до бенигна пароксизмална позициска вртоглавица (еден од најчестите облици), карактеристична по кратки епизоди од мал до јак интензитет. Во таквите моменти ви се чини како предметите да се вртат во круг.

Постојат и други причини:

* нарушување на крвотокот во мозокот, најчесто поради атеросклероза на крвните садови, дехидрација, срцева аритмија и други болести;

* пречекорување на дозата на некои антидепресиви, седативи, лекови за епилепсија и смирување грчеви, како и оние за регулирање на крвниот притисок;

* анемија, потрес на големиот мозок, панични напади, мигрена, хипогликемија, депресија и невроза.

ТРИ СТЕПЕНИ НА ИСПИТУВАЊЕ

* Посета на невролог, кој ќе направи преглед, а по потреба и вестибуларни тестови (откривање проблеми со центарот за рамнотежа).

* Видеонистагмографија – метод на испитување што овозможува дали причина за вртоглавиците се заболувања на внатрешното уво.

* Магнетна резонанца на големиот мозок, заради исклучување на патолошките состојби на неговите структури што можат да го предизвикаат овој синдром.

ЧАША ВОДА + ГИМНАСТИКА

Спасоносен метод при ненадејна вртоглавица е пиење чаша вода, понекогаш и две, а потоа спуштање во лежечка положба без нагли движења.

По советување со лекар, можете да правите вестибуларна гимнастика – двапати дневно со пауза од осум часа, полека, со постепено зголемување на оптоварувањето. Лекувањето трае два месеца.

ПРИМЕРИ ЗА ВЕЖБИ

  1. Застанете право и спуштете ги рацете. Подигнете се на врвовите на прстите и подигнете ги рацете. Полека вратете се во почетната положба. Вежбата повторете ја од пет до десет пати.
  2. Стоејќи на една нога, трудете се да ја зачувате рамнотежата.
  3. Во истата положба зафрлете ја едната нога наназад, држејќи го грбот паралелно со подот.
  4. Истото тоа повторете го со затворени очи.
  5. Одете по греда напред-назад или искористете банкина за тоа.

Текст: Људмила Анатолјевна Литвиненко, невролог

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.