Мноооогу безобразни прашања… Што прават другите во кревет? (И НЕ САМО ВО КРЕВЕТ)

Предупредување за срамежливите: веднаш одете на следната објава!

Фото: Getty Images

Нашата анкета покажа дека сè уште сме доста конзервативни во сексуална смисла – повеќето испитанички кажаа дека имале пет или помалку партнери. Меѓутоа со тие партнери сме подготвени на сè! Најмногу експериментираат жени во 30-тите, и тоа оние во стабилни врски.

Дали сте задоволни од својот сексуален живот или сметате дека би можел да ви биде повозбудлив? Еве можност да ги „споредите белешките“ со други жени! Ви поставивме неколку „безобразни“ прашања за љубовта, сексот, врските… Најсмелите од вас ни ја подотворија вратата од спалната соба и ни открија многу интересни детали.

Фантазирам за секс на плажа Елена (32), економистка

Статус: во врска.

Број на сериозни врски: три.

Најдолгата врска ми траеше: пет години.

Сфаќам дека сум вљубена кога… кога не можам да престанам да мислам на него, без разлика на тоа што правам и кога сакам секој миг да го поминам со него.

Најубавото нешто што партнерот направил за мене: една снежна ноќ, кога улиците беа завеани со снег, со часови трагаше по некој превоз за да може да дојде кај мене, без посебен повод. Вечерта ја поминавме под ќебе, со храна, пијалак и ТВ.

Сексуална фантазија: секс на плажа со маж кој штотуку сум го запознала.

Во сексот ме одбива: кога ќе забележам дека премногу се труди и не е опуштен.

Дали големината е важна? Можеби е, на пример, јас не сакам големи.

Колку партнери сте имале досега? Шест.

Најдолг период без секс: пола година.

Глумам оргазам: никогаш. Се трудам да се усогласам со партнерот на начин и на двајцата да ни биде убаво. Не гледам поента во глумењето, сакам вистински да уживам во сексот.

Најголем страв пред секс со нов партнер? Се плашам дека ќе виде тотална утка бидејќи еден од нас двајца нема да биде опуштен. Иако, досега не ми се случило тоа, бидејќи со моите партнери водев љубов кога и двајцата сме подготвени за тоа.

Мој најголем телесен адут во сексот: задникот и косата :).

Најчудно место на кое сум водела љубов: воз. Се разбира, беше ноќ и бевме сами во купето, но беше необично и возбудливо.

Го замислувам како сосема гол готви за мене Славица (38), новинарка

Статус: вонбрачна врска.

Број на сериозни врски: две.

Најдолгата врска ми траеше: три години, а и сега сме заедно.

Сфаќам дека сум вљубена кога… ќе посакам да останеме заедно докрај на животот.

Најубавото нешто што партнерот направил за мене: ми купи куче бидејќи многу сакав домашно галениче, а не е љубител на животни.

Сексуална фантазија: да готви за мене стоејќи покрај шпоретот сосема гол и по јадењето да водиме љубов на маса.

Во сексот ме одбива: не поднесувам мирис на пот.

Дали големината е важна? Па… ДА.

Колку партнери сте имале досега? Дваесетина.

Најдолг период без секс: седум месеци (доста тажни).

Глумам оргазам: не го сакам тоа, мразам преправање.

Најголем страв пред секс со нов партнер: се плашам да не „пуштам гулаб“.

Мој најголем телесен адут во сексот: прстите – насекаде се :).

Најчудно место на кое сум водела љубов: шумичката покрај мотелот каде што застана автобусот на пауза. Беше како во филмот „Ко то тамо пева“, но се надевам дека никој не нè гледал.

Си го сакам телото Ема (26), професорка по англиски јазик

Статус: во врска.

Број на сериозни врски: три.

Најдолгата врски ми траеше: четири години.

Сфаќам дека сум вљубена кога… со сегашниот партнер тоа ми се случи штом го запознав, а со бившиот љубовта произлезе од пријателство.

Најубавото нешто што партнерот направи за мене: помина пола Европа за да се види со мене.

Сексуална фантазија: секс во природа, доминација.

Во сексот ме одбива: влечење за коса, кога партнерот е нападен и не сфаќа дека не ми е до секс, мажи што не водат сметка за личната хигиена.

Дали е важна големината? Главно, не е битна, освен ако не е минијатурен.

Колку партнери сте имале досега? Четири.

Најдолг период без секс: шест месеци.

Глумам оргазам: понекогаш.

Најголем страв пред секс со нов партнер: дали изгледам доволно добро гола и дали ќе ми се допадне како тој изгледа гол.

Мој најголем телесен адут во сексот: кога сум опуштена, си го сакам целото тело.

Најчудно место на кое сум водела љубов: тоалетот во еден ресторан.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.