Се подготвувате за одмор: ОВА е СЕ што треба да понесете од аптека, а ќе ви помогне во непредвидливи ситуации!

Одмор без грижи!

Едвај го дочекавте летото и летниот одмор на кој ќе се релаксирате и ќе заборавите на секојдневните обврски и тековни проблеми.

Иако сите препорачуваат да не одите на патување без патничко здравствено осигурување, не е на одмет да ја комплетирате патничката аптека, која е од огромна помош во вакви ситуации.

Иако во поголемите туристички центри има аптеки, факторот на изненадување дека во моментот го нема лекот кој ви е потребен може да се случи, па следните совети ќе ви бидат од корист:

– здравствена книшка и потврда за дополнително здравствено осигурување, како и потврда за вакцинирање.

– вашата редовна хронична терапија во количина доволна за целото време на отсуството од дома, дополнителни рецепти или лекарска препорака со читко напишано генеричко име на лекот и на дозата, како и кратка историја на болеста.

– дополнителни лекови што ќе ви ги препорача лекар, во зависност од тоа каде патувате и што би можело да ви затреба.

– кутија за прва помош, влажни марамчиња за дезинфекција, топломер.

– ако сте бремени, би требало да понесете апарат за мерење на крвниот притисок.

– капки за очи (воспалени или алергија), средства против болки во ушите.

– универзален антисептик за кожа, рани и за слузокожата, кој влијае на широк спектар микроорганизми (бактерии, габички и вируси), а кој може да го користат и трудниците и децата.

– доволно резервни пелени ако патувате со мали деца.

– лаксатив на растителна база. Чај против запек кој може да настапи заради промените на животниот ритам, околината и исхраната.

– таблети против мачнина за време на патувањето.

– мултивитамински додатоци (ако одите на подолги патувања каде што храната е еднолична).

– лекови против болки во желудникот и пробиотици.

– средство за рехидратација.

– пинцета за отстранување на туѓи тела од кожата.

– вашата и на детето задолжителна терапија што ја примате.

– средства за заштита од сонце со висок фактор.

Секако, при употребата на понесените лекови треба да се придржувате до пропишаните дози или, што е најдобро, да се консултирате со лекарот.

ДОБРО Е ДА ГО ПОСЕДУВАТЕ И ОВА

Лекови против алергија. Алергиите не се ретки ниту во летниот период. Најчесто тоа се алегии на сонце, убод од инсект и на храна. Важно е брзо да реагирате. Бидејќи тоа најчесто се акутни состојби, лекот треба брзо да се примени. Потребно е при рака да имате таблети, сируп, крем против алергии.

Нега на окото. Очите исто така можат да создадат низа проблеми. Без разлика дали станува збор за алергиско чешање или проблеми поради песокот и солената вода, соодветните капки можат да ги решат првите симптоми. Не е лошо да понесете антибиотски капки и маст, како и оние на база на антихистаминици.

Препарати за надомест на течности и електролити. Раствор на рехидрациска сол, кој ја надополнува загубената течност, гликоза и електролити поради претерано потење (висока температура) или пролив. Повраќањето и проливот се честа појава на летувањето, па на детето е потребно да му давате електролити. Најдобро е да понесете ќесички од еден од тие препарати, кои имаат упатство за употреба за подготвка.

Прва помош кај повреди. Во случај на мали повреди (гребаници, рани или изгореници) носете антисептик за рани (најсоодветен е во облик на спреј), пакет стерилни гази, завои и фластери и маст или гел против изгореници, јод, хидроген 3 отсто, антибиотски крем. За болки настанати на овој начин, на детето може да му ги дадете, веќе спомнатите – бруфен или парацетамол.

Стомачни проблеми на море

Стомакот е најчувствителен на промени, така што најчестите болести на летувањето се поврзани токму со стомачните проблеми. Причината за ова е што вирусите и микроорганизмите се различни од оние на кои сме навикнати. За да спречите вакви проблеми, подгответе го дигестивниот систем навреме. Две недели пред патувањето земајте пробиотик, а со истиот продолжете и во текот на престојот на море. Во случај на краткотрајна дијареја, намалете ја исхраната, пијте многу вода. Закрепнувањето ќе се забрза со прашоци со електролити.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.