Андријана Петрушовска доминираше во „Ѕвездите на Гранд“: Атрактивната Македонка влезе во полуфинале, а со својот стајлинг ги остави сите со отворени усти! (ВИДЕО)

Ја распамети публиката!

Фото: Инстаграм

Полека, но сигурно нашата претставничка во најпопуларното музичко натпреварување во регионот, „Ѕвездите на Гранд“,  Андријана Петрушовска обезбеди влез во полуфиналето.

Со одлична изведба на песните „Ја волим свој грех“ и „Инсомниа“, Андријана освои пет од вкупно шест гласови на жири-комисијата и со тоа обезбеди бараж-натпреварување од каде всушност беше избрана да влезе во полуфиналето.

Можеби нејзиниот против кандидат Нермин Ханџиќ ги освои сите гласови, но нашата Андријана доминираше на сцената поради својот стајлинг, со кој ја воодушеви жири-комисијата, а веруваме и публиката пред малите екрани.

 

За нејзиното пеење, особено и изгледот, таа доби само позитивни коментари.

„Мислам дека требаше да добиеш шест гласови, стојам позади тоа. Можеби очекуваа да играш, но песните кои ги пееше воопшто не се лесни“ – беше коментарот на Цеца.

„Знам колку треба храброст за ова, супер беше, идеална беше“ – кусо искоментира Мили.

Исто така и пејачката Снежана Ѓуришиќ кажа убави зборови за нашата Андријана.

„Оваа Македонка е една таква пејачка што боли глава. Очекував ова од тебе, одлична пејачка си. Перфроманс одличен, верувам дека ќе одиш понатаму, бидејќи би било глупаво ти да не одиш понатаму“.

 

Погледнете го нејзиниот настап:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.