Невролог открива: На човечкото тело му се неопходни 10 дена на море – еве зошто!

Совет на лекари

Ако не сте планирале оваа година да одите на море, овој текст ќе ви го промени мислењето

Колку често ги слушате луѓето околу вас како велат: „Толку ми е треба да почувствувам мирис на море, да се нагледам сина вода!“

Научниците потврдија дека морето нè опушта, па дури и ја менува хемијата на нашето тело.

Луѓето отсекогаш биле свесни за придобивките од морската вода. Дури и лекарите од 18 век спроведувале терапија така што им препорачувале на луѓето да се бањаат во море. Уште одамна е откриено благотворното дејство на морето на човечкиот организам.

Морето помага целосно да ги одморите телото и мозокот

Откриено е дека звуците на морето ја стимулираат областа на мозокот наречена префронтален кортекс, која е одговорна за нашите емоции и лични рефлексии. Звуците на морето ја подобруваат самосвеста и емоционалната благосостојба.

Брановите му помагаат на нашето тело да ги исфрли негативните јони, па телото апсорбира повеќе кислород и го регулира нивото на серотонин, супстанција што ја контролира анксиозноста. На крај, стануваме спокојни како по јога или психотерапија.

Звукот на морето и човечкото тело

Буката што ја емитуваат брановите го намалува нивото на кортизол, хормонот за стрес, и ја зголемува смиреноста. Овој звук најмногу нè потсетува на оној што сме го слушале кога сме биле во стомакот на мајката. Поради тоа на море се чувствуваме безбедно и среќно.

Погледот кон морето и човечкото тело

„Кога ќе погледнеме кон морето или кога сме на брегот, ние сме во предвидливо и стабилно опкружување“, вели неврологот Мајкл Мерцениќ. Тој објаснил дека се чувствуваме безбедно кога сме на места без закани, како што е морето. Површината на водата што се губи на хоризонтот му пренесува на нашиот мозок чувство на стабилност и сигурност.

Сончањето на плажа и човечкото тело

Истражувањата покажале дека кога се сончаме на плажа, топлината влијае врз нашиот ендокрин систем, кој е одговорен за ослободувањето ендорфини (истите хемикалии што прават да се чувствувате среќни додека јадете чоколадо).

Сите болести почнуваат од ДУШЕВНИТЕ НЕУСПЕСИ: Што се тоа психосоматски заболувања и како да се справите со нив
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.