Грција, Црна Гора, Хрватска или Албанија? Еве која туристичка земја има најевтини лежалки на плажа

Лето 2021

Пред да одлучите каде ќе го поминете летниот одмор годинава, важно е да се информирате и за цената на лежалките и чадорите на плажа, нели, бидејќи, реално, тие се важна ставка од буџетот.

Доколку се одлучите за Грција, таму сè уште има кафулиња на плажата каде што добивате место под чадор со пијалок, но има сѐ повеќе и повеќе оние кои поставуваат фиксна цена за две лежалки во сенка – и се движи од 5 до 20 евра .

На пример, во Лептокарија има место каде што ќе ви наплатат 2,5 евра по лице и сè уште служат кафе, на Тасос 12 евра по комплет. Постојат кафулиња каде што ќе платите две цени во исто кафуле – за две лежалки од првиот ред до морето ќе треба да платите 10 евра, а за четвртиот ред 5 евра.

Секако, ќе бидат многу повисоки на фенси плажи во луксузни лежалки најблиску до морето, што е луксуз за кој минатата година требаше да платите до 50 евра.

Слична е состојбата и во Црна Гора – цените варираат во зависност во кој ред се наоѓате.

Просечната цена за две лежалки со чадор изнесува 10 евра, но има и 5, како и за 15 – 20 евра. Доколку се одлучите за полуксузни лежалки, т.н. кревети со чадори, кои се наоѓаат на поурбаните плажи, ќе треба да издвоите 40 евра за цел ден.

Во Хрватска просекот е нешто поголем, за две лежалки и чадор треба да одвоите од 10 до 20 евра, а на Хвар до 30.

Конечно, тука е Албанија, која сепак е најповолна во тој поглед.

Како што пишуваат туристите на социјалните мрежи, во Валона се изнајмуваат два лежалки и чадор за 3,5 евра, во Ксамил за 8 евра.

Извор: Попара

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.