Состојбата на коронавирусот во Македонија може да се следи на оваа мапа

Изработена е првата интерактивна мапа за следење на состојбата со коронавирусот во земјава.

Покажувајќи општествена одговорност, македонската компанија ГДи, која се занимава со софтверски решенија, на едно место, ги регистрира сите случаи на заболени лица од коронавирусот во земјава, нивниот пол и возраст и на тој начин настојува да ги алармира граѓаните за кризните подрачја и носењето на вистинските одлуки.

Податоците ќе се ажурираат дневно, од официјални извори.

Прочитајте и: Нашиот оперски пејач откри дека негов близок пријател починал од коронавирусот:…

Според генералниот директор на ГДи Скопје, Дејан Крстевски, оваа апликација ја имаат и другите држави во регионот, каде податоците се ажурираат согласно известувањата на институциите и на светските статистики. Тимот на ГДи ширум светот придонесува за нашите заедници со знаење, технологија и податоци.

Во овие моменти на криза, сакаме да помогнеме на населението и на институциите вистински и во реално време, да ја следат состојбата со развојот на вирусот во Македонија. Кога ќе се уредат сите просторни податоци на едно место, полесно е да се избегне кризата и да се донесат вистински одлуки. Овозможува едноставен и прегледен приказ во служба на информирање на јавноста, но пред се е корисна алатка за оние кои носат одлуки и мерки за сузбивање на вирусот. Затоа што животот во доба на коронавирусот, всушност, е живот во криза“, вели Крстевски, а пренесува Фактор.мк.

Мапата можете да ја следите ТУКА.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.