Мноооогу безобразни прашања… Што прават другите во кревет? (И НЕ САМО ВО КРЕВЕТ)

Предупредување за срамежливите: веднаш одете на следната објава!

Фото: Getty Images

Нашата анкета покажа дека сè уште сме доста конзервативни во сексуална смисла – повеќето испитанички кажаа дека имале пет или помалку партнери. Меѓутоа со тие партнери сме подготвени на сè! Најмногу експериментираат жени во 30-тите, и тоа оние во стабилни врски.

Мажите ги возбудуваат големи гради Гордана (45), службеничка

Статус: разведена, во врска.

Број на сериозни врски: три, вклучувајќи го и бракот.

Најдолга врска: бракот, кој траење 12 години.

Сфаќам дека сум вљубена кога… целата треперам пред состанокот со него.

Најубавото нешто што партнерот направи за мене: кога сегашниот дечко ми кажа дека ќе ме носи во посета на дворецот на Сиси.

Сексуална фантазија: свингерска забава.

Во сексот ме одбива: губам желба кога партнерот е несмасен.

Дали е важна големината? Да, донекаде.

Колку партнери сте имале досега? Десетина.

Најдолг период без секс: година и пол.

Глумам оргазам: тоа го правев додека бев во брак, кога сакав да манипулирам со него.

Најголем страв пред секс со нов партнер: секогаш се плашам од она што доаѓа потоа – што и да е!

Мој најголем телесен адут во сексот: големите гради – многу ги возбудуваат мажите.

Најчудно место на кое сум водела љубов: вински подрум во една викендичка.

Ме одбива грубост Клара (41), домаќинка

Статус: во брак.

Број на сериозни врски: млада се омажив, па пред тоа имав само две-три врски од по неколку месеци.

Најдолга врска: мојот брак, кој трае веќе 21 година.

Сфаќам дека сум вљубена кога… ќе почувствувам пеперутки во стомакот.

Најубавото нешто што партнерот го направил за мене: кога бевме во врска, една вечер се шетавме и маж ми ми набра ружа. Потоа отидовме кај него, каде што го заборавив цветот. Тој го испресува и ми го подари повторно по еден месец. Цветот го чувам и денес.

Сексуална фантазија: не постои такво нешто, испробав сè што посакував.

Во сексот ме одбива: најмногу ми пречи кога ќе забележам дека партнерот е отсутен и дека сè прави рутински.

Дали е важна големината? Големината воопшто не е важна.

Колку партнери имавте досега? Не сакам да одговорам на ова прашање. Имав неколку.

Најдолг период без секс: една година.

Глумам оргазам: никогаш не глумам оргазам. Не ми се јасни луѓето што го прават тоа, бидејќи мислам дека целта е да уживаш во сексот.

Најголем страв пред секс со нов партнер: секогаш се плашев дека момчето ќе биде грубо.

Мој најголем телесен адут во сексот: сите мои женски атрибути.

Најчудно место на кое сум водела љубов: клупа во парк.

Мојата фантазија? Секс со двајца Наташа (30), педагог

Статус: слободна.

Најдолгата врска ми траеше: шест години.

Сфаќам да сам вљубена кога… ќе посакам да се будам покрај него.

Најубавото нешто што партнерот го направил за мене: ми направи пица.

Сексуална фантазија: сакам да експериментирам и да ги остварувам своите фантазии. Единственото што не сум го пробала е секс со двајца. Верувам дека ќе се појави некоја нова фантазија откако ќе ја остварам оваа.

Во сексот ме одбива: кога мажот мисли само на себе и на својот оргазам. Исто така, и кога е многу тивок за време на сексот.

Дали е важна големината? Важна е и големината и техниката.

Колку партнери сте имале досега? Бројот на партнери ќе остане моја тајна.

Најдолг период без секс: десет-единаесет месеци.

Глумам оргазам: ништо не глумам, па ни оргазам, а зошто би глумела? ОК е понекогаш да не се доживее оргазам, но ОК е и партнерот да го знае тоа, бидејќи во тој случај со заеднички сили ќе дојдете до оргазам.

Најголемиот страв пред секс со нов партнер: немам стравови, посебно не сексуални. Сексот може да е добар или лош. Впечатоците ги собирам подоцна.

Мој најголем телесен адут во сексот: целото тело, кое одлично ја надополнува мојата сексуална енергија.

Најчудно место на кое сум водела љубов: најчудно и најнезгодно место на кое сум водела љубов се скалите во мојата зграда.

Сексуално сум љубопитна Елена (36), адвокат

Статус: во врска.

Број на сериозни врски: три.

Најдолгата врска ми траеше: четири години, а трае и денес.

Сфаќам дека сум вљубена кога… мојата природа е таква секогаш да сум вљубена. Тоа беше периодот од дваесет дена кога првпат се разделив од сегашниот дечко. Тогаш мислев дека нема да го  преживеам тоа што не можам да го видам, да го бакнам…

Најубавото нешто што партнерот го направил за мене: ми направи роденденска забава што беше изненадување.

Сексуална фантазија: отсекогаш фантазирав за тоа во кревет да ни се придружи уште една жена.

Во сексот ме одбива: кога подобро ќе размислам, ништо не ме одбива.

Дали е важна големината? Апсолутно. Но признавам дека за нијанса победува техниката.

Колку партнери сте имале досега? Пристојна бројка, бидејќи сум сексуално љубопитна девојка.

Најдолг период без секс: дваесеттина дена.

Глумам оргазам: зошто да глумам? Тоа е најголемата глупост што може да ја направи една жена. Подобро е да му покажете на партнерот што ве возбудува и која поза најмногу ви годи. Ако и тоа не ви помогне, помогнете си самата!

Најголем страв пред секс со нов партнер: се плашам пенисот да не му е преголем или премал, дали ќе ни се совпаднат енергиите.

Мој најголем телесен адут во сексот: си го обожавам телото. Тоа е мојот мал храм.

Најчудно место на кое сум водела љубов: кабина на напуштен брод во едно пристаниште.

А за да дознаете што велат мажите, кликнете на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.