Мажите и жените не сакаат секс во исто време!

Најновото истражување покажа дека мажите и жените се разликуваат во уште една работа – тие не се расположени да водат љубов во исто време.

Иако веќе го чувствувавме ова правило, едно истражување го потврди – хетеросексуалните парови не се расположени да водат љубов во исто време.

Според истражувањето спроведено од компанијата за секс играчки „Lovehoney” во кое биле опфатени 2.300 возрасни, мажите најмногу уживаат во сексот помеѓу шест и девет часот наутро, додека жените се повеќе во расположение да споделат љубов помеѓу 23 часот и 2 часот по полноќ.

Само 16 проценти од мажите изјавиле дека сакаат да водат љубов пред спиење, додека само 11 проценти од жените сакаат секс наутро.

Околу 44% од жените и 33% од мажите кои учествувале во истражувањето признале дека имале проблеми во претходните врски заради различни потреби кога станува збор за сексуалниот живот. Сепак, истражувањето покажа дека партнерите се прилагодуваат на другата половина за време на врската и бараат компромис кога станува збор за споделување нежност во спалната соба.

Прочитајте и: ТЕСТ: Што реално ве задоволува во сексот?

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.