Џенифер Лопез ѝ објаснува на Шакира како се тресе задникот: „Ова ме научи мајка ми кога имав 3 години!“

Погледнете го видеото од пробата

Изгледа дека Гвадалупе Родригез имала некои интересни родителски лекции

Џенифер Лопез на својот инстаграм-профил споделила видео снимено зад сцената на нејзиниот неверојатен настап со Шакира на Супербол, во јануари.

Тука се гледа како Џенифер Лопез (50) ѝ објаснува на Шакира (43) како се тресе со задникот!

За многу обожаватели на познатите пејачки ова им е чудно од две причини: Шакира буквално го измисли ова движење во танцот, со оглед на тоа што во 2006 година ги поби сите рекорди со, сега веќе легендарната, песна „Колковите не лажат“ – Hips Don’t Lie.

Втората причина зошто оваа сцена е загрижувачка е изјавата на Џенифер Лопез.

„Прави го тоа со колената. Кога ги тресеш колената, се тресе и задникот. Тоа ме научи мајка ми кога имав три години!“

Изгледа дека Џенифер Лопез добро си ја научила лекцијата, со оглед на тоа што овој нејзин настап ќе остане долго запаметен!

https://www.instagram.com/p/B_uv_teJnNC/?utm_source=ig_embed

Се засрамила за сите пари: Џенифер Лопез се соблекла по градник пред сите!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.