ТЕСТ: Што реално ве задоволува во сексот?

Земете лист и хартија и решете го нашиот тест!

Нашиот тест ќе ви овозможи увид во сопствениот сексуален живот – во минатото, сегашноста и во иднината – овозможувајќи ви да го сфатите она што реално ве задоволува во сексот.

1 Просечниот број партнери за жената е девет. Кога ќе помислам на бројката на моите досегашни љубовници, овој податок кај мене предизвикува…

а. … желба да заборавам на многу лични искуства.

б. … негодување. Поголемиот дел од овој број го остварив во моите рани 20-ти години. Мислам дека статистиката не е реална.

в. …. се согласувам со констатацијата. Јас сум под просекот, но бројката ми изгледа реална. Се надевам дека моменталната врска ќе ми трае до крајот на животот.

г. …. сомнеж дека ќе го постигнам овој просек. Јас сум моногамна и негувам долги врски.

2 По една година од врската, водам љубов…

а. … еднаш неделно.

б. … два до трипати неделно.

в. … четири до петпати неделно.

г. … колку што е потребно да го задоволам партнерот.

3 Можам да доживеам оргазам…

а. … еднакво лесно и кога се самозадоволувам и кога водам љубов, сè додека стимулацијата на мојот клиторис е континуирана.

б. … и сама и со партнерот, но само ако се применуваат испробани техники. Сакам да знам што се случува и што можам да очекувам.

в. … речиси секогаш со мастурбација, ретко со партерот.

г. … многу лесно кога се самозадоволувам, а потешко со партнерот. Но не ми пречи, за мене сексот претставува начин на емотивно зближување, а не мисија за постигнување оргазам.

4 Своето либидо го проценувам како…

а. … во согласност со состојбата во врската. Ако сакам и ако сум сакана, редовно уживам во сексот. Ако нештата не се одвиваат како што треба, ја губам желбата.

б. … интензивно. Сакам редовен секс и уживам во страста.

в. … просечно, но конзистентно. Настојувам редовно да водам љубов, дури и кога не чувствувам желба, која сепак ми се јавува штом ќе ја почнеме играта.

г. … непостојано. Некогаш не можам да се заситам од секс, а некогаш ме одбива.

5 За време на сексуалниот чин се чувствувам…

а. … анксиозно, осамено, неприспособено и под притисок.

б. … авантуристички, еротично, страствено и спонтано.

в. … поврзано, романтично, сензуално и интимно.

г. … задоволно, сигурно, сакано и приспособено.

6 Во почеток на врската чувствувам…

а. … надеж дека сум ја пронашла личноста со која можам да бидам она што навистина сум.

б. … неизмерна љубов и желба со партнерот да се стопам во едно.

в. … возбуда, но и загриженост. Се прашувам дали му се допаѓам колку што ми се допаѓа тој мене, а подобро се чувствувам кога врската ќе зацврсти.

г. … среќа, возбуда и желба подобро да се запознаеме.

Резултати

Соберете колку одговори имате под секоја буква, а потоа прочитајте го толкувањето на својот резултат.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.