14 вистини за сексот кои не ги знаевте!

Тајните од спалната соба

Еве неколку совети а и факти, кои ќе го збогатат или во „најмала рака“ подобрат вашиот сексуален живот

1.Луѓето кои имаат секс барем три пати неделно изгледаат пет до седум години помлади.

2.Слободните жени повеќе ги привлекуваат зафатени мажи отколку слободни.

3.Стриптизетите заработуваат повеќе пари кога имаат овулација. Научниците тврдат дека тоа се случува поради тоа што телото тогаш лачи повеќе феромони.

Фото: Unsplash

4.Оргазмот може да го излечи стравот од јавен настап! Една шкотска студија докажала дека луѓето полесно поднесуваат јавни говори ако имаат секс неколку часа пред тоа.

5.Некои (среќни) жени можат да доживеат оргазам само со стимулација на градите.

6.Жените кои редовно се занимаваат со спорт повеќе уживаат во сексот.

7.Мажите се подготвени да ризикуваат повеќе кога знаат дека ги гледа атрактивна девојка.

8.Ако имате секс еднаш неделно го појачувате својот имунолошки систем за 30%.

9.Жените кои редовно мастурбираат почесто доживуваат оргазам во текот на сексот.

10.Едно истражување на „Дурекс“ покажало е дека Австријците практикуваат орален секс повеќе од било кој народ во светот.

11.Паровите кои заедно ја средуваат куќата имаат почест и подобар секс од оние кои не го прават тоа.

12.Околу 36% од луѓето посетуваат Фејсбук и Твитер после секс.

13.Утринското кафе е афродизијак! Некои студии покажале дека на луѓето на кои им е даден кофеин почесто се впуштаат во „акција“.

14.После спалната соба и креветите, најчесто луѓето практикуваат секс во автомобил.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.