Најсреќните луѓе се облекуваат вака: Можете да ги забележите на километар!

Неверојатно

За многумина среќа е да се носи скапоцена облека, дизајнерска, со потпис

Колку посреќни се луѓето толку поедноставно се облекуваат. Без размислување. Овој неочекуван заклучок настанал од годишното истражување на ОН за нивото на среќа во животот на луѓето.

Од 2011 година па наваму, се спроведува истражување за глобалната среќа. Научниците развиле технологија што ја мери благосостојбата кај луѓето во различни земји, како и нивната субјективна проценка колку е добар нивниот живот. Потоа, сите тие резултати се споредуваат.

Во 2017 година, листата од 10-те најсреќни земји изгледала вака:

1. Норвешка

2. Данска

3. Исланд

4. Швајцарија

5. Финска

6. Холандија

7. Канада

8. Нов Зеланд

9. Австралија

10. Шведска

Во истиот состав, само со сменети места во првите десет, овие земји биле водечки и минатите години.

Знаете ли што е заедничко за сите овие земји? Крајната едноставност во начинот на живот, а особено во начинот на облекување!

На пример, земјите во кои модата е многу важна се наоѓаат ниско на листата на среќни земји. Пример за тоа се Франција, која се наоѓа на 32. место, Шпанија на 37. место, додека Италија е дури на 50. место меѓу најсреќните земји на светот.

А што е со среќните земји?

Нив не ги интересира што препорачува „Вог“ за оваа сезона. Тие го носат она во коешто се чувствуваат пријатно. Фармерки и обични маици, патики и блузони. Во Данска, на прв поглед нема да знаете кој е момче, а кој девојче. Сите носат крајно едноставна облека, која е комотна и памучна. Важно е да се дружат, да се движат слободно и без ограничувања.

Швеѓанките не се оптоваруваат со здолништа, не носат на работа потпетици од 10 см, а да не зборуваме за шминкањето. Швеѓаните се среќни и покрај тоа што нивните жени не изгледаат како манекенки.

Ова е чист доказ дека среќата воопшто не зависи од тоа дали носите брендирана облека и дали имате најнова шминка.

Можете да бидете среќни и во обични фармерки и маица, а тоа до докажале споменатите истражувања!

3 навики што ја блокираат среќата: Кога ќе го промените ова, сè во животот ќе се одвива по ваш пат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.