Сакате да му се вратите на бившиот? Еве што треба да направите за да го придобиете пак и да бидете заедно!

Внимателно слушајте ги овие совети ако сакате втора шанса

Враќањето на старата љубов и не е толку лоша идеја или барем така тврди психологот Анабел Најт. Сепак, нагласува дека доколку сакате да им се вратите на старите партнери треба добро да размислите за главните причини поради кои сте раскинале.

 

Наташа Брифел од Баду објаснува дека здравата комуникација и добро осмислените потези се клучни за успешна обновена врска.

Размислете зошто сакате да му се вратите на партнерот. Дали навистина ви недостига и сакате да ја обновите врската? Или едноставно потребно ви е некој со кој ќе можете да разговарате и ви делува сигурно. Размислете и за тоа дали после раскинувањето сте имале доволно време да запознаете други луѓе, дали би ви се допаднал некој друг/а? Можеби само ви недостига љубов после една година помината во изолација. Размислете за сите овие детали и земете ги во предвид чувствата на поранешниот партнер”, советува Брифел.

Дали може врската со поранешен партнер/ка повторно добро да функционира? Најт тврди дека ова е возможно доколку двајцата партнери сакаат да вложат труд, да сакаат и имаат разбирање. “Бидете отворени еден со друг, не дозволувајте ситници да ја уништат комуникацијата”.

Како да направите ваквата врска да потрае? Најт советува дека прво најдобро е да размислите зошто сте прекинале, а потоа заедно да преминете преку она кое во минатото било пречка.

Отворено објаснете му на партнерот како се чувствувате и што точно сакате, внимателно слушајте и за неговите барања и потреби. Одлучете дали сакате да продолжите онаму каде сте застанале или да почнете од почеток. Запомнете, комуникацијата е клучен фактор”, вели Најт.

Таа додава дека сè она што се случило претходно треба да се остави во минатото и никогаш да не се споменува во расправиите:

 Голем број на вакви врски пропаѓаат бидејќи паровите многу брзо и често се враќаат на старата рутина, продолжуваат да ги прават истите рботи и се расправаат за истите теми. Важно е да ја обновите врската целосно од почеток и да создадете нов, свеж однос”.

Брифел вели дека постои можност партнерот да не сака да се врати во истата врска, но тоа не треба да ве обесхабри:

Запомнете дека сигурно постои некој кој ќе биде заинтересиран за да ве запознае и да изгради со вас убава и здрава врска”.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.