„Живеам во иста куќа со поранешниот сопруг и неговата нова жена“: Еве како изгледа таквиот живот!

Брак на поинаков начин

„Кога некој не’ гледа од страна, ние сме нормално семејство, но еве што навистина се случува“

Прочитајте ја оваа необична семејна приказна и дознајте како е да се живее под ист покрив со екс-сопругот и неговата нова љубов…

„Развод е збор што не се спомнува во мојата куќа. Разводот во нашето општество сепак е збор со кој се опишува неуспех. Неуспех во бракот. Неуспех во врските. Неуспех во родителството. Но тоа не е така во мојот случај. Во мојот брак немаше неуспеси, само сознание дека двајца луѓе немаат повеќе ништо заедничко и тоа е сосема во ред.

Не знам кога тоа точно се случи и не знам зошто се случи, но љубовта исчезна. Се венчавме млади и по шест месеци врска одлучивме да стапиме во брак. Дури тогаш откривме дека имаме различен вкус за музика, храна, желба за одмор.

Тој е човек што сака мир, додека јас сум некој кој обожава излегувања, дружења… Освен тоа, не знам што се случи, едноставно целата љубов исчезна.

Па така, се разведовме 13 години по венчавката. Немаше тешки зборови, обвинувања или нешто слично. Јас одлучив да се отселам, но дури откако најдам пристоен стан. Дотогаш живеевме заедно, како цимери.

Заедно ручавме, гледавме телевизија, се грижевме за нашето дете, но спиевме во одвоени соби и не постоеше никаква романтика во нашиот однос.

Кога зборувавме за тоа дека јас морам да се отселам, и двајцата се плашевме како тоа ќе влијае врз нашето дете и така минуваа денови, месеци и години…

Тој беше татко на моето дете, јас бев мајка на неговото дете и тоа беше нашиот однос.

Проблемот настана кога и двајцата изразивме желба да доведеме некој да преноќи во нашата куќа. Тогаш сфативме дека тоа нема да функционира, па одлучивме третото лице да го донесеме само ако врската е крајно сериозна.

Сфативме дека е вистинско време да и’ ја соопштиме вистината на нашата ќерка. Имаше само осум години и се плашеше дека ќе го изгуби семејството. Имаше видено многу слични ситуации кај нејзините другарчиња. Ние ја убедивме дека нема причина да се грижи и дека се’ ќе биде во ред на крајот.

Од друга страна, најголемиот проблем го имавме поради моето семејство. Тие се традиционални луѓе кои се во брак 48 години. За тоа време не ни имаа помислено да се разведат. Уште кога им кажав дека и понатаму ќе живеам со поранешниот сопруг во иста куќа, мислеа дека тоа е само наш модерен, современ каприц и дека наскоро се’ ќе си дојде на своето.

Речиси три години по разводот, мојот поранешен сопруг сериозно се вљуби. Не бев љубоморна или загрижена. Нормално беше да се очекува дека и тој и јас ќе ја најдеме љубовта што ја заслужуваме.

Бев среќна поради него. Минатата година се венчаа. И да, сите живееме заедно и одлично се сложуваме. Мојот поранешен сопруг е среќен човек и гледам дека неговата сопруга го извлекува најдоброто од него.

Кога одлучија да се венчаат, и двајцата ми предложија да останам во куќата. Одлучивме да живееме заедно додека ќерката појде на факултет.

Мислам дека неговата сопруга беше шокирана кога ме запозна првпат. И’ требаше време да го прифати нашиот однос и да согледа дека сум апсолутно незаинтересирана за бившиот маж.

Кај неа најмногу го ценам тоа што навистина ја сака мојата ќерка. Дури и моите родители го видоа тоа.

Од друга страна, мојот живот е комплициран. Ниту еден маж не сака да има ништо со мене, самохрана мајка која живее со поранешниот сопруг и неговата жена.

Знам дека еден ден ќе сретнам некој кој ќе ме разбере мене и мојот живот, но дотогаш подобро е да бидам сама.“

Ви предлагаме да ја прочитате и најдобрата приказна за бракот: еве како лавот се однесува со својата жена!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.