Се омажила за богаташ, па престанала да се дотерува: Кога имаш сопруг од 91 година, животот ти изгледа ВАКА!

Верувале или не

Џери Хол го направила невозможното: му нашла замена на Мик Џегер! Таа замена е во форма на бруталниот богат Руперт Мурдок. Тој можеби е 25 години постар од неа, но…

Поранешната манекенка и актерка Џери Хол привлекувала внимание со својот стил на живот уште од нејзините почетоци во светот на шоубизнисот. Можеби тоа најмногу се должело на бракот со легендарниот рокер и фронтменот на „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер, а денес се должи на бракот со медиумскиот могул Руперт Мурдок, кој е цели 25 години постар од неа.

Имено, во 1980 година таа била во врска со тогаш оженетиот американски тајкун Роберт Сангстер, и тоа за да му се одмазди на Мик за едно од неверствата.

„Имав афера со Роберт, но Мик ме преколнуваше да му се вратам. Мислев дека ќе се промени во еден момент, но никогаш не се случи тоа. Неговите афери со други жени беа прилично ужасни, но тоа беше единственото нешто што ме нервираше кај него“, изјавила таа во едно интервју.

Покрај Мик, и сега Руперт, во нејзиниот љубовен живот оставиле трага и уметникот Енди Ворхол, историчарот Адам Замојски, основачот на „Мајкрософт“ Пол Ален, продуцентот Џорџ Вауд, играчот на крикет Шејн Варне и претприемачот Варвик Хемсли.

Не останало многу од нејзината младешка убавина, но Џери денес не се оптоварува со изгледот, туку ужива во животот и во љубовта што ја пронашла на повозрасни години.

Поради неа, Мик Џегер ја оставил жена си по 22 години врска: Убавата Лусијана сега се бакнува со двојно помлад дечко!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.