Оригинален роденденски подарок за сопругата: Нејзиниот прв „мустанг“ во ново руво (ВИДЕО)

„О Боже!“

Џејсон Момоа ја изненади својата сопруга Лиза Бонет за нејзиниот роденден, со тоа што ја обнови нејзината прва љубов: „мустанг“ од 1964 година.

Иако автомобилот е стар, мајсторите открија дека е еден од само трите произведени, со многу нарачани делови на него. Доста неверојатно со оглед на тоа што е прво возило купено од актерката.

Раскажувајќи го воведот на видеото кое е поставено на Јутуб, Момоа вели:

Тоа е првиот автомобил, купен со љубов и насмевка, автомобилот што ти овозможи живот на неверојатни дестинации.“

 

 

View this post on Instagram

 

It’s been a amazing 48hrs. Apple SEE press tour. It’s been whirlwind seeing friends and ohana Aloha j.

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies) on

Знам дека не можеме повторно да доживееме спомен, но можеби можеме да изградиме нов“.

Бонет беше изненадена и пресреќна поради подарокот од Момоа.

Коментирајќи го неверојатниот гест, Лиза вели:

Прекрасен е! Не ми се верува. Ова е неверојатно. О, боже“.

Инаку, Џејсон Момоа и Лиса Бонет се заедно веќе 15 години.

Лиса претходно беше во брак со Лени Кравиц, со кого ја имаат ќерката Зои, а доказ дека останале во пријателски односи е и роденденската честитка која музичарот неодамна му ја упати на Момоа, кој во неделата го прослави 41 роденден.

Среќен роденден. Едно семејство. Една љубов“, напиша Кравиц.

Фото: Инстаграм

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.