Вака изгледаат луѓе кои се во среќен брак: Често ја критикуваат жена му поради изгледот, но тој ја гледа како божица!

Познатиот актер на вечера со сопругата

Важат за еден од најхармоничните парови со долгогодишен брак полн со љубов и поддршка

Ирскиот актер, најпознат по улогата на агентот 007, Пирс Броснан, бил фотографиран како со својата сакана сопруга ја поминува саботната вечер во познат ресторан во Малибу.

Имено, тие го напуштиле ресторанот видно расположени и насмеани и уште еднаш покажале како треба да изгледа хармонична брачна двојка.

За овој ирски актер велат дека изгледа како да го пронашол еликсирот на младоста. Со децении важи за еден од најголемите заводници, а многумина коментираат дека дури и на 70 години би можел да заведе 20-годишна девојка.

Иако тој важи за маж што може да ја има секоја жена, велат дека одбрал просечна партнерка. Имено, неговата сопруга често е на удар на коментари поради вишокот килограми. Броснан ја запознал новинарката Кели Смит додека и двајцата летувале во Мексико. Започнале врска, а во 1997 година го добиле и првото заедничко дете, Дилан. Во 2001 година се венчале во Ирска. Истата година дочекале уште едно дете, Парис.

Тие важат за една од најхармоничните двојки во Холивуд и заедно се 29 години. Броснан ја нарекува својата сопруга „ѕвезда Северница“. Но во 2003 година на Броснан му се случила голема трагедија: неговата ќерка Шарлот починала од истиот вид канцер што го прекинал животот на нејзината мајка.

Актерот во интервјуата открил дека ѝ се вратил на својата прва страст, сликарството, на која ѝ посветува најмногу време. Покрај четирите деца, има и четири внучиња. Како и секој добар дедо, тој редовно споделува нивни фотографии на Инстаграм.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.