7 рецепта за ручек за 7 дена во неделата: Домашни, готвени јадења што брзо заситуваат
Идеи за од понеделник до недела
Знаеме дека најтешко е да се смисли мени за цела недела, па затоа ви предлагаме седум идеи за домаќински ручек
Ви предлагаме 7 домашни јадења што можете да ги приготвите за секој ден од неделата.
Пилешка чорба со зеленчук
Сварете пилешко месо со зеленчук (морков, компир, пашканат) во богат бујон. Зачинете по вкус и послужете со тазе леб.
Гулаш од јунешко месо
Пропржете јунешко месо со кромид и лук на масло, додека добие златнокафена боја. Додајте сечкани домати, црвена пиперка и зачини. Крчкајте на тивок оган додека омекне месото. Послужете ги со сварен компир.
Сарма со кисела зелка
Измешајте мелено месо со ориз, кромид и зачини. Наполнете листови кисела зелка со смесата и ставете ги во тенџере. Прелејте со доматен сос и крчкајте додека омекне сармата.
Мусака од компири со мелено месо
Редете кругови од сварен компир и пропржено мелено месо во слоеви. Прелејте со бешамел-сос и посипете со рендан кашкавал. Печете во рерна додека добие златнокафена боја.
Грав со димено месо
Сварете грав со димени ребра или колбаси. Пропржете кромид, додајте доматен сос и зачини. Измешајте ја смесата со сварениот грав и загревајте додека добие густина.
Пиперкаш со пилешко месо
Пропржете парчиња пилешко месо со кромид, додајте црвена пиперка и зачини. Динстајте додека пилешкото стане меко. Послужете со пире од компири или тестенини.
Риба со зеленчук на жар
Маринирајте филеа од риба во маслиново масло, лук и лимон. Печете ги на скара или во рерна. Послужете со печен зеленчук (тиквички, домат) и компири.
Коментарите се заклучени.