Контроверзна руска старлета го завела најубавиот актер: Не ја ни гледа својата ќерка, а нејзините деца ги обожава!

Том Круз има девојка

За него велат дека потполно полудува кога ќе се заљуби, а сите се сеќаваме како скокаше на кауч кај Опра кога ѝ изјави љубов на поранешната сопруга

Официјално е, Том Круз има нова девојка!

Откако долги години ги чуваше своите врски во тајност, потврдено е дека Круз е во врска со 36-годишната Елсина Хајрова, руска моделка и старлета. Тие станаа вистинска двојка и додека нивните најблиски пријатели знаат за оваа врска, тие, сепак, сакаат да си ја зачуваат приватноста за себе и внимаваат да не се фотографираат заедно.

Елсина Хајрова е руска моделка која често објавува гламурозни фотографии на своите социјални мрежи. Таа е британска државјанка и живее во Лондон, каде што веројатно и го запознала Круз, кој исто така живее во Обединетото Кралство.

Тие, наводно, присуствувале на свеченоста што се одржа неодамна во знак на поддршка на хуманитарната организација Air Ambulance во Лондон. А и често може да се видат на приватни вечери во разни ексклузивни ресторани ширум Лондон. Освен тоа, биле видени на прошетка во паркот Хајд, кој, наводно, се наоѓа во близина на куќата на Хајрова. Изгледа тие се запознале минатиот декември на забава, каде што биле неразделни, а Том се однесувал како да е опседнат со неа.

Елсина претходно била омажена за рускиот тајкун Дмитри Цветков, кој е дилер на дијаманти. Тие се развеле во 2022 година откако поминале цела деценија во брак и добиле две деца, син и ќерка. Поранешната двојка поминала низ контроверзен развод, а деталите за спогодбата излегле во јавност и биле објавени во многу меѓународни публикации, по што сопружниците морале да оспорат голема сума на пари и повеќе недвижнини, вклучувајќи и вила во Сари во Англија, пет лондонски станови, „Бентли“ и „Ферари“, накит „Картие“, како и уметнички дела на Пјер Огист Реноар и Марк Шагал.  На крајот, разводот го чинел Дмитри дури 188 милиони долари.

Познато е дека актерот има два брака зад себе и три деца, Изабела и Конор, од бракот со Никол Кидман, и ќерка Сури од бракот со Кејти Холмс.

Се шушка дека Круз ги запознал децата на својата нова избраничка и така го подигнале односот на повисоко ниво.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.