Сите се прашуваат што му требало ова: Познатиот пејач има тетовирано крст преку стомакот, а остатокот од неговото тело изгледа бизарно!

Сите се во шок

Раперот и рок-пејачот Машин Ган Кели ги шокира обожавателите со својата најнова тетоважа, неговата најголема досега, за која биле потребни 44 игли

Машин Ган Кели ја открил својата најнова тетоважа која ги шокира обожавателите. Раперот и рокерот, кој е свршен со актерката Меган Фокс, ги вчудовиди своите фанови кога го откри огромното уметничко дело на неговото тело.

За да се направи новата масивна тетоважа биле потребни 44 игли. На инстаграм-објавата напишал: „Само во духовни цели“.

Обожавателите го „нападнале“ неговиот профил за да коментираат, бидејќи овој нов приказ на тетоважата бил единствената слика на неговиот Инстаграм.

Еден обожавател напишал:

„Значи, ќе ми требаат 3-5 работни дена за да закрепнам од ова“, „Првпат кога ги видов овие фотографии, пет минути седев со отворена вилица, тој едноставно е премногу добар.“

Во меѓувреме, минатиот месец раперот и рокерот беше во центарот на вниманието во музичкиот свет, бидејќи други музичари и обожаватели го критикуваа, обвинувајќи го дека „го велича самоповредувањето“. Незадоволството започна кога музичарот издаде гитара како дел од колекцијата Machine Gun Kelly Signature. Луѓето веднаш беа вознемирени што гитарата е во форма на жилет и ја потенцираа неговата долгогодишна поврзаност со самоповредувањето. Загриженоста е присутна поради сè поголемата криза во менталното здравје на рок музичката сцена.

Коментаторот за рок-култура Метал Бирб напишал на „Екс“:

„Знам дека Машин Ган Кели е ужасен и дека луѓето не го сакаат… но што е со гитарата која изгледа како жилет? Менталното здравје и правењето предметите што асоцираат на самоповредување да изгледаат кул е, всушност, супер очајно. Исто така, гитарата е одвратна, но тоа е очигледно.“

Ѕвездата одамна има лоша репутација на сцената, поради промената на музичкиот жанр од рап во рок. Тој стана контроверзна фигура, особено поради неговите изјави во минатото поврзани со расизам и коментарите што ѝ ги упатил на Кајли Џенер додека била малолетна.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.