Нивната свршувачка го згрози светот: Прстенот на Меган Фокс крие тајна – многу ќе ја боли ако проба да го извади!

Дали е ова нормално?

Две срца споени со трње, по желба на раперот кој верува дека љубовта мора да боли

Актерката Меган Фокс (35) и раперот Машин Ган Кели (31) неодамна се свршија во Порторико, на истото место каде што се вљубиле. Видеото од запросувањето го споделија со обожавателите на социјалните мрежи, а притоа открија и информација што го згрози светот – дека и двајцата испиле од крвта на другиот.

Раперот сега ја открил симболиката на свршувачкиот прстен што ѝ го дал на актерката.

„Овие две срца всушност се споени со трње. Па така, ако се обиде да го извади, тоа ќе ја боли“, објаснил раперот и додал дека љубовта боли.

Открил и дека прстенот може да се расклопи и да се раздвои во два прстена.

Имено, прстенот се состои од две камчиња, зелено и сребрено, што ги симболизираат нивните споени срца. Пристигнал директно од рудник, а го дизајнирал златарот Стивен Вебстер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

„Концептот е дека прстенот може да се раздвои и од него да се направат два прстена. Кога се заедно, магнет ги држи на место. Па гледате како се спојуваат? И потоа две разделени солзи формираат срце“, објаснил Кели.

„Знам дека традицијата е да има прстен, но го дизајнирав со Стивен Вебстер со цел да бидат два, со нејзиниот роден камен смарагд и мојот роден камен дијамант. Поставени се на две магнетни ленти од трње кои се спојуваат како две половини на истата душа, кои формираат нејасно срце – нашата љубов“, заклучил раперот.

Иако Вебстер не ја открил цената на прстенот, експертите за дијаманти проценуваат дека би можел да вреди и до 500 илјади долари.

Се сврши најубавата жена на светот и сите се згрозени: Видеото за свршувачката е одвратно – дали е возможно ова?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.