Се сврши најубавата жена на светот и сите се згрозени: Видеото за свршувачката е одвратно – дали е возможно ова?

Ужасно!

Сите знаеме како ќе заврши ова!

Меган Фокс и Машин Ган Кели се свршија, а актерката го објави видеото од свршувачката на својот профил. По снимката се гледа дека свршувачката е детално испланирана и дека таа не е воопшто изненадена. Имено, целиот настан е сниман од неколку агли.

Покрај видеото за свршувачката, Меган напишала:

Во јули 2020 година седевме под ова дрво и се молевме за магија. Не бевме свесни за болката што наскоро нè очекуваше. Не бевме свесни за трудот и жртвите што ќе бидат потребни за нашата врска, но бевме опиени од љубов и од карма. Некако, една и пол година подоцна, откако поминавме низ пекол и се смеевме повеќе одошто мислев дека е возможно, тој ме запроси. И како во секој наш претходен живот, и како во секој наш иден живот што ќе следи по овој, кажав ‘да’… А потоа си испивме крв еден од друг“, ги известила Меган своите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)


Реакциите на луѓето се генерално исти и сите главно пишуваат дека „секој што ја следел врската на Анџелина Џоли и Били Боб Торнтон знае каде води ова.“

Врската на Анџелина и 19 години постариот Били беше проблематична од самиот почеток – контроверзната двојка се венчала иако тој сè уште бил свршен со друга актерка, Лаура Дерн, а од самиот старт нивната врска ги полнеше страниците на медиумите поради крајно чудното однесување и скандали.

Торнтон во тоа време бил свршен со актерката Лаура Дерн, а Анџелина била во врска со актерот Тимоти Хатон. Љубовта ја овековечиле и со крв, а Анџелина долго носела шишенце околу вратот во кое ја имало крвта на нејзиниот сакан.

Често зборувале во медиумите за својата страсна врска, но таа траела само две години, а Анџелина подоцна зборувала дека едно утро само се погледнале и сфатиле дека повеќе немаат што да си кажат еден на друг.

Меган и Машин Ган Кели дури сега се свршиле? Мислев дека си размениле крв и си ги стопиле душите меѓусебно уште пред шест месеци“, коментираат луѓето иронично.

Откако е во врска со контроверзниот музичар, Меган Фокс шета вака (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.