Еве зошто жените стареат побрзо од мажите: 5 причини што никако не може да се одбегнат!

Неверојатно

Можеби жените живеат подолго од мажите, но затоа стареат побрзо, а еве зошто е тоа така

Факт е дека жените побрзо стареат од мажите, а за тоа постојат 5 сериозни причини…

1. Жените повеќе страдаат од стрес од мажите

Жените се посклони на нервни сломови, особено ако се поврзани со работи, вели доктор Џудит Мохринг. Освен тоа, хормонската разлика објаснува сè. Хормонските флуктуации се поврзани со депресија. Освен тоа, сезонското афективно нарушување повеќе ги погодува жените од мажите. Постојаниот стрес неминовно доведува до прерано стареење.

2. Жените што родиле побрзо стареат

Истражувањата спроведени на Универзитетот Џорџ Мејсон докажале дека бременоста прави жената да изгледа 11 години постаро. Работата е во тоа што жените кои родиле имаат пократки теломери од оние кои никогаш немале деца. Колку се пократки теломерите толку постаро изгледате. Освен тоа, стресот за време на бременоста не е реткост, што исто така го забрзува процесот на стареење.

3. Машката кожа е подебела

Според дерматолозите, машката кожа е за 25% подебела од женската кожа. Процентот може да варира од човек до човек, но општата цифра останува иста. Меѓутоа, иако на машкото лице има помалку брчки, тие подлабоки од женските.

4. Нивоата на тестостерон се различни

Естрогенот е одговорен за младешкото женско лице, додека тестостеронот е типичен за мажите. Високото ниво на тестостерон го забавува стареењето. Иако естрогенот исто така служи како хормон против стареење, неговото производство опаѓа побрзо од производството на тестостерон. Затоа, жените први добиваат брчки.

5. Менопаузата го зема својот данок

Губењето хормони во текот на менопаузата го забрзува процесот на стареење. Кога жените поминуваат низ менопауза, нивните тела престануваат да ја произведуваат истата количина на колаген како некогаш. Ова предизвикува загуба на еластичноста на кожата.

Здраво стареење? Еве неколку навики за подобра зрела возраст
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.