Не пропуштајте го новиот број на специјализираното списание за ентериери „Home Style“!

Се' за вашиот дом на едно место

Новиот број на Home Style нека биде вашиот урбан прирачник што ќе ве инспирира да го создадете вашето домашно засолниште од соништата!

Во продажба е шестиот број на специјализираното списание за уредување на домот „Home Style“, во кое ќе најдете многу совети, идеи, трендови и новитети кои ќе ви помогнат да создадете дом од соништата.

Ви претставуваме дел од содржините на новиот број:

| АРХИТЕКТУРА 6 КАКО НА ДРУГА ПЛАНЕТА
Погледнете ги десетте најпознати градби што ги проектирал Френк Гери, а кои се вистински претставници на модерната архитектура.

| ПРОСТОР 8 КАВАЛИ ВО БЕРЛИН
Луксузниот италијански бренд „Роберто Кавали“, синоним за блескав гламур, ја отвори својата прва продавница во Германија.

| ДИЗАЈН 10 МЕБЕЛ ШТО ИСЧЕЗНУВА
Што велите за мебел што можете да го тргнете без поместување, парчиња што речиси можете да ги „избришете“ од просторот?

| ЕНТЕРИЕР 12 МАЛО ЦАРСТВО ЗА ПЕТМИНА
Куќа за петчлено семејство: брачна двојка со две деца и четириножен пријател – неодолив бигл. Простор во кој ќе ужива целото семејство во заедничките мигови, но и во приватноста…

20 СОВРШЕН МИКС
Можете ли да замислите
простор дефиниран со бетонски
површини, во кој се комбинирани
скандинавски и ориентален
стил, како и различни бои и
материјали?

26 ПО МЕРА НА СЕМЕЈСТВОТО
Ентериерот за младо
тричлено семејство. Иако
новоградба, архитектите внеле
неколку значајни измени во
функционалната организација
на просторот, за да им се
приспособи во целост на
сопствениците…

32 ФУНКЦИОНАЛЕН МАЛ СТАН
Кога станува збор за мали станови, архитектите бараат разни решенија, односно дополнителни капацитети за постигнување на
функционалноста, која обично не е видлива на прв поглед…

| УРЕДУВАЊЕ 36 СПЕЦИЈАЛ: ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ
Прозорците и вратите спаѓаат меѓу најважните фактори при уредувањето на секој дом и секоја просторија. Токму со изборот на вистинските прозорци и врати секој дом добива свој сопствен печат.

60 ОДБЕРЕТЕ ЅИДНИ ОБЛОГИ
Ѕидовите во кујната се изложени на различни влијанија: влага, маснотија, нечистотија… Ве запознаваме со предностите и недостатоците на материјалите што се користат за нивното обложување…

66 Г-ФОРМА НА КУЈНА
Кујна со мали димензии не
мора да значи недостиг од
функционалност. Два примера
дека и малите кујни со добра
организација можат да ја понудат
функционалноста на големите.

70 ВО СТАРИНСКИ СТИЛ
Старинскиот стил е неисцрпен
извор на инспирација како за
облекување и правење накит така
и за уредување на станот, особено
на кујната. Најважно е тоа што не
морате да купувате нова кујна за
да постигнете ваков изглед…

76 ТИНЕЈЏЕРСКИОТ СВЕТ
Вашето дете стана тинејџер и сака
својата детска соба да ја преуреди
во малку посериозен простор,
кој повеќе ќе личи на оној за возрасни отколку на оној за деца. Погледнете некои идеи…

82 КАТЧЕ ЗА ШТОТУКУ РОДЕНОТО БЕБЕ
Пред раѓањето на бебето, освен набавката на некои најосновни работи, би требало да се подготви или барем да се размислува за соодветна соба или простор за него.

88 БЕЗ БАРИЕРИ
Планирањето на бања без пречки е мудра одлука, дури и ако е староста сѐ уште далеку. Со тоа се обезбедуваме за иднината – било поради годините или поради евентуални повреди или болести.

| ДЕКОРАЦИЈА
72 ТОЛКУ СВЕЖО И
РЕЛАКСИРАЧКО

Зелената боја гарантира
опуштање и прилив на позитивна
енергија и поради тоа секогаш
е добар избор за промена
на изгледот на ентериерот.
Дизајнерите со задоволство ги
користат сите нејзини нијанси –
од пастелна, преку интензивна, па
до темна.

| ЕКСТЕРИЕР
94 ЕКСТЕРИЕР: ЕЛЕМЕНТИ
ШТО ГО ПРАВАТ СОВРШЕН

Бидејќи е време на уредување
околу куќата, ви донесуваме
информации за елементите што
ја прават поубаво и поудобно
место за уживање со семејството
и пријателите…

За сето ова и за многу повеќе ќе имате можност да читате во новиот број на списанието Home Style, кое можете да го побарате на продажните места низ републиката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.