„Последната девојка“ и „Мирисот на листовите чај“: Подароци за 2 читатели од „Антолог“

Издавачката куќа „Антолог“ за двајца читатели на „Убавина и здравје“ обезбеди две свои ремек-дела: „Последната девојка“ и „Мирисот на листовите чај“.

Последната девојка“ –  Надија Мурад

Надија Мурад е родена во Кочо, мало језидско село на северниот дел од Ирак. Живеела опкружена со големо семејство и сонувала за тоа да стане наставничка по историја или да отвори свој салон за убавина. Во 2014 година, Исламската Држава го нападнала селото на Надија. Таа тогаш имала дваесет и една година и тука бил крајот на нејзиниот безгрижен живот. Милитантите на Исламската Држава ги масакрирале селаните што одбиле да преминат во ислам. Мајката на Надија била една од осумдесетте постари жени што биле егзекутирани, а нејзините браќа меѓу стотината мажи што биле убиени во еден ден. Заедно со илјадници девојки, Надија е однесена во Мосул за да стане сексуална робинка. Кога конечно успеала да избега, лутала по улиците на Мосул додека не пронашла спас во едно семејство сунитски муслимани, чиј најстар син си го ризикувал животот за да ѝ помогне.

Надија никогаш не ни сонувала дека ќе биде номинирана за Нобеловата награда за мир или дека ќе стане амбасадор на добрата волја на Обединетите нации. Луѓето што ја држеле во заробеништво ѝ зборувале дека Језидите ќе бидат избришани од лицето на земјата, а имало моменти кога и таа почнала да верува во тоа.

Нејзината приказна го натера светот да обрне внимание на геноцидот во Ирак – бруталноста на Исламската Држава, убиствата, измачувањата, силувањата. Оваа книга е повик за дејствување, сведоштво за неуништувачката волја за преживување, љубовно писмо за изгубената држава, кревката заедница и семејствата разорени од војната.

Мирисот на листовите чај“ –  Дајна Џефрис

Сместена во дваесеттите години на минатиот век, приказната ја следи младата Англичанка Гвен, која има среќа да ја сретне љубовта на својот живот – русокосиот сопственик на плантажа од Цејлон (денес Шри Ланка). Таа доаѓа со пароброд на островот за да стапи во брак што ветува долг и мирен живот среде високите зелени ридови со чај. Но Лоренс е постојано на работа, а неговата млада сопруга мора сама да ја истражува плантажата. Талкајќи по забранетите места, Гвен наоѓа заклучена врата, премолчено минато.

Гвен наскоро ќе остане бремена, а нејзиниот сопруг е пресреќен. По породувањето таа се соочува со страшната одлука што мора по секоја цена да ја скрие од Лоренс. Кога вистината ќе излезе на виделина, дали сопругот ќе може да ѝ го прости на Гвен тоа што го направила?

Доколку сакате да ги добиете овие книги на подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од јунската „У&З-лавина од подароци“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во јулскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.