Рецепти за машката моќ

Можеби овие совети ќе ви помогнат да си ја вратите машкоста

Како што покажуваат многубројни истражувања, во денешно време многу мажи ја губат потенцијата многу пред староста. Можеби овие совети ќе ви помогнат да си ја повратите машкоста.

* Со миксер измешајте лажица сок од глог, три-четири лажици кефир, жолчка и лажица мед и сето тоа испијте го одеднаш.

* Семе на врв од нож од билката грчко семе (лат. Rigonella foenum-graecum) полејте со четвртина чаша одвар од семе од аспарагус (12–15 семки прелејте со шолја врела вода и оставете прекуноќ).

* Кедровите ореви ја обновуваат машката моќ и ја враќаат младоста. Најпопуларно е млекото што се прави од јатките. Изгмечете ги, постепено додавајќи вода. Пијте по две-три шолји дневно.

* Иситнете 100 г корен од левзеја (лат. Leuzea carthamoides), прелејте со половина литар вотка и оставете да отстои барем 45 дена на собна температура. Дозата се одредува индивидуално (од 20 капки до полно лажиче). Пијте трипати на ден и навечер, четири-пет часа пред спиење. Курата трае два месеца, а потоа треба да се направи пауза.

* Семе од обичен пелин издробете во прав и земајте по едно лажиче три-четири пати дневно, полевајќи со одвар од магдонос. Магдоносот иситнете го во аван. Лажиче од коренот прелејте со шолја врела вода и оставете го поклопено 30 минути. Ова е дневна доза.

* Лажиче обична чичка (лат. Xanthium strumarium) прелејте со шолја врела вода. Пијте една-две шолји во текот на денот.

Извор: „Руски доктор“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.