Уредете го домот во јапанди стил: Ова е најпопуларниот тренд за уредување ентериер моментално!
Уредување на домот
Сите љубители на минимализмот ќе го обожаваат овој стил
Според зборовите на дизајнерите на ентериер, стилот јапанди ќе биде многу популарен во уредувањето во 2021 година, а станува збор за стил кој ги спојува јапонскиот дизајн и скандинавскиот минимализам.
Иако овој стил не е сосема нов, вистинска експанзија ќе доживее оваа година. Основниот акцент кај овој стил е ставен на функционалниот мебел, минимализмот, природните материјали, едноставните линии и неутралните бои.
View this post on Instagram
Целата идеја е да се формира простор во кој ќе ни биде пријатно и удобно.
Поентата е да се водите според правилото „помалку е повеќе“, а тоа значи да одберете неколку впечатливи детали, додека преостанатите ќе бидат ненападни.
View this post on Instagram
Најчестиот избор, кога станува збор за овој тренд, се беж и белата боја.
View this post on Instagram
Уметничките дела, исто така, се фантастичен начин да се оживее овој тренд. Побарајте неутрални и апстрактни слики за да го надополните просторот. Овој тренд е насочен кон пронаоѓањето убавина во несовршеностите, како што се деталите од необработено дрво или рачно нацртани детали.
View this post on Instagram
Ако ве заинтересира сето ова и сакате да внесете промени во домот, погледнете ги фотографиите и најдете инспирација…