Совршено уредената дневна соба мора да ги има овие 10 детали: Ефект на луксуз!

Правила што не смеете да ги занемарите

Уредете го домот за да изгледа како од списание

Дневната соба е една од најважните простории, бидејќи во неа целото семејство поминува најмногу време, а за удобноста на дневната соба не е најважен бројот на квадрати, туку правилниот избор на мебел и другите ситници што ѝ даваат личен печат.

Затоа потребно е тој простор да биде во рамнотежа со функцијата и удобноста, а ние ви претставуваме 10 основни правила што не смеете да ги занемарите.

1. Приближете го мебелот

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tarina Wood (@oh.eight.oh.nine)


Никако не поставувајте го мебелот на голема оддалеченост еден од друг, бидејќи довикувањето секако не е пожелно. Групирајте ги софата, фотелјите и столчињата на едно место и така направете простор за дружење.

2. Табуретки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mikasa Moor (@mikasamoor)


Постојат стотици работи што можат да ја преземат улогата на табуретка, од цврсти кутии до плетени вреќи. Стилот арт деко ги исфрли табуретките на површината како централен дел во дневната соба, а денес оваа мода се вратила на големата врата.

3. Книги

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brunch Book Club (@brunchbookclub)


Книгите можат да бидат исклучително релаксирачки во дневната соба, доколку правилно се наместени. Затоа користете ги книгите како украсен елемент, но не така што ќе прават неред, туку групирајте ги на ѕидовите, на полиците или на столовите.

4. Ламби


Осветлувањето е исклучително важно во ентериерот, па пожелно е да користите ламби, а најдобро е да ги разместите во сите четири агли за да добиете „круг“ на осветлување. Просторот ќе биде уште поудобен ако користите ламби што даваат меко и пријатно светло.

5. Фотографии

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amy x (@home.atfifteen)


Личните и семејните фотографии ја прават дневната соба интимна. Поради тоа, се препорачува да ставите група фотографии на масичка или на комода, па дури и клавир, или едноставно да ги закачите на ѕид користејќи соодветни рамки за да ѝ дадете личен печат на вашата дневна соба.

6. Билки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Narsisflowers (@narsis_flowerss)


Збогатете го ентериерот со природни билки. Тоа проверен начин за да го направите просторот попријатен. Освен тоа што го прочистуваат воздухот, билките со поголеми димензии претставуваат вистински украс во која било просторија.

7. Завеса


Кратките, полукратки и долги завеси го заокружуваат целиот простор, давајќи му финален печат. Штедачите треба да знаат дека долгите завеси ја одржуваат температурата, а тоа значи помали сметки за струја.

8. Иновативни масички

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arte And Thomas Co (@arteandthomasco)


Стари ковчези, огромни табуретки, жичени корпи – сите тие можат да се претворат во клуб-масички и добредојдени се во повеќето дневни соби. Треба само да внимавате на тоа нивната висина да биде во согласност со преостанатиот мебел во просторот.

9. Декорација

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @dekorasyon_tutkudur


Не претерувајте! Овие мали предмети во големи количини распоредени во дневната соба можат да го уништат чувството на удобност, што го барате. Не е лесно да се најдат вистинските ситници, но тука се спомените од патувањата и подароците од пријателите, па многу лесно можете да го претворите просторот во продавница со предмети од 99 денари. Па затоа, најдобро е да ги одберете оние што ви се чинат како најдобар избор на прв поглед, а потоа да го преполовите нивниот број.

10. Тепих

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erin | Cotton Stem (@cottonstem)


Теписите можат да го одредат вашиот стил. Тие можат да бидат онаа важна врвка што ќе го поврзе целиот простор и ќе го заокружи стилот. Усогласете ги најпрво со обликот и материјалот на вашиот мебел, а потоа и со завесите и ќе можете да бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор.

Најпопуларни бои за уредување на секоја соба во домот (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.