Најпопуларни бои за уредување на секоја соба во домот (ФОТО)
Во тренд на Инстаграм
Според истражувањето на Rated People, розовата боја е моментално најпопуларна за уредување на ентериерот на спалната соба, во детската соба и во бањата, а сината боја е прогласена за најпопуларна во уредувањето на трпезариите и ходниците.
Погледнете кои се најпопуларните бои за секоја соба во куќата.
За барањата – розова!
Истражувањето покажа дека розовата е најпопуларна боја на Инстаграм за уредување на бањата, со над 27.000 хаштагови. Идејата за женска просторија во розова боја може да ви биде одбивна, но подемот на розови бањи покажува дека оваа боја навистина ги радува возрасните.
И спалната розова!
Што мислите за палета на нежни розови тоновиво спалната соба? Спалната соба во розова боја има дури 39.134 хаштагови на Инстаграм и големи се шансите да биде најголем тренд во 2021 година.
Сина трпезарија
Најпопуларната боја во трпезаријата е сина, со повеќе од 1.200 хаштагови на Инстаграм. Дали сте доволно храбри да ја бојадисате вашата трпезарија во сина боја? Нијансите може да варираат од нежна сина боја до темносина, обично комбинирана со бел и дрвен мебел.
И ходникот – син!
Изгледа дека сопствениците на куќите знаат која боја може да му даде карактер и стил на ходникот, па затоа синиот ходник има повеќе од 500 хаштагови на Инстаграм.
Зелена кујна
Со повеќе од 50.000 хаштагови, зелената е најпопуларна боја во кујната според Инстаграм. Земјените, пригушени зелени тонови најчесто се комбинираат со бели и дрвени елементи.
Детска соба – розова
Розовата е една од најпопуларните бои во детскиот агол. Со над 18.000 хаштагови на Инстаграм, тоа е вистинската боја за многу идни мајки.
Зелена дневна соба
Од тонови на скапоцени камења до морско зеленило, оваа смела, жива нијанса е многу популарна кај многу сопственици на куќи.
Фото: Инстаграм