Секоја просторија во овој дом има своја убавина и раскажува своја приказна (ФОТО)
Нежните нијанси на мебелот, осветлениот простор и совршената комбинација на бохо и на скандинавскиот стил го прават овој животен простор вистински извор на инспирација.
На инстаграм-профилот @domekzalasem, кој е во сопственост на блогерка од Полска, дефинитивно ќе пронајдете инспирација за уредување на својот дом.
Блогерката се труди да вметне нешто уникатно во домот во текот на секое годишно време. На пример, напролет има убави цвеќиња во различни аранжмани, а наесен тикви и суви лисје.
Дефинитивно најголемо воодушевување на Инстаграм предизвикуваат сликите на станот за време на новогодишните и божиќните празници.
Во секој детаљ се вткаени љубовта и големиот труд на блогерката и на нејзиниот сопруг. Тие секогаш се стремат да создадат нешто ново и уникатно за дополнително да го разубават својот дом, а последното изненадување беа фантастичните дрвени клуб-масички во дневната соба.
Извор: kafepauza.mk
Фото: Инстаграм