Која возраст е идеална за мајчинство?

Дали воопшто постои вистинско време кога треба да забремените?

Современиот начин на живот ги поместува границите за основање на семејство. Па така, многумина зборуваат за отчукување на биолошкиот часовник и ги спомнуваат годините до кои жената би требало да се оствари во улога на родител…

Оптималното време кога жената треба да остане бремена е кога е емоционално, ментално и финансиски подготвена, а тоа се разликува од жена до жена. Еве какви се искуствата на лекарите и мајките.

Пред 20-та година

Овие години за повеќето жени не се идеални за да се остварат како мајки, но факт е дека жените во овие години се најплодни. Исто така, помал е ризикот од компликации во бременоста, како што се гестациски дијабетес и хипертензија. Финансиската нестабилност и проблемите кои доаѓаат со одгледувањето на детето се исто така проблем во овие години.

Во 20-тите години

Повеќето жени во овие години и понатаму се многу плодни, со 25% шанси да останат бремени секој месец. Финансиите и понатаму можат да бидат проблем бидејќи во овој период од животот најмалку заработуваат. Од медицински аспект, овој период е најдобар доколку планирате да станете мајка, бидејќи на крајот на краиштата може да се направи баланс со кариерата.

Од 30-та до 35-та година

Со наполнување на 30 години, плодноста се намалува, но не во голема мера.

Што се однесува на професијата, кога жената ќе забремени во своите рани триесетти, тоа ѝ овозможува да ужива во младите години, да ја истражува својата кариера и да се запознае себеси, а со повеќе животно искуство одлично ќе се оствари во улогата на мајка.

Помеѓу 35-та и 45-та година

По 35 години, плодноста на жената секој месец се намалува за 5 проценти. Во овој период се зголемуваат и здравствените проблеми, како што се хипертензија, дијабетес во бременоста и ниво на хормонски дисбаланс.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.