Пред да се одлучите да го набавите вашиот нов клима-уред, истражете!

Еве на што треба да обрнете внимание

Со „Мепринг-сервиси“ до инвертер клима-уреди по ваша мера

Не избирајте клима-уред според квадратурата на просторот!

Многу е важно да одберете клима-уред со капацитет соодветен на потребите за постигнување и одржување комфорна температура во вашиот дом. Вообичаениот параметар за избор на клима-уред, а тоа е површината (квадратурата) на просторот што треба да се климатизира, е само ориентационен параметар, затоа што за добро изолирани простори може да бидат доволни и 30 W/m2 топлинска енергија за ладење/греење, додека за друг простор со слаба изолација може да има потреба и до 150 W/m2.

Стручен совет од искусен тим

Секогаш побарајте совет од стручен и искусен инженерски тим и направете точна пресметка на потребниот капацитет. Изборот на клима-уредот треба да е на оној што е со капацитет 20-30% поголем од пресметаниот капацитет.

Дополнително или основно грејно тело?

Изборот на типот клима-уред многу зависи од неговата намена – дали е дополнително или основно грејно тело.

Ако клима-уредот го користите како основно грејно тело, мора да биде дизајниран за континуирана работа на температури под 0°C во текот на целиот ден и опремен со сите конструктивни елементи за таква работа. Вообичаено, овие инвертер клима-уреди имаат грејач на компресор, грејач на куќиште, електронски експанзиски вентили и се со деклариран номинален капацитет на -7°C (вообичаено капацитетот на овие клима-уреди е 20-30% поголем од вообичаените инвертер клима-уреди со опсег на работа до -15°C).

Гаранција и сервис

Обрнете внимание на гарантниот период и постпродажната поддршка и сервис на продавачот на клима-уредот. Прочитајте ги сите коментари напишани со мали букви.

„Мепринг-сервиси“ е специјализирана компанија со долгогодишно искуство во областа на климатизацијата. „Мепринг-сервиси“ и Cooper&Hunter на нашиот пазар нудат инвертер клима-уреди и топлински пумпи што се предодредени да се користат како примарни грејни тела. Нивниот стручен кадар секогаш им е на располагање на потрошувачите. При сервисирањето на клима-уредите, доколку не може да се отстрани дефектот, вршат замена на дефектната внатрешна или надворешна единица, обезбедувајќи континуиран комфор во вашиот дом додека трае сервисирањето на неисправниот уред.

МЕПРИНГ СЕРВИСИ ДООЕЛ
02/3090-701
e-mail: mepserv@t.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.