Ѕирнете во новата колекција на „Адор Голд“

Време е за благородни искуства!

Блесокот и елеганцијата на парчињата златен накит во излогот, но и љубезноста и уникатната енергија на Елза и Енди се добитната комбинација поради која ќе посакате накитот за вашите најзначајни моменти да го побарате токму во „Адор голд“. А ние ве уверуваме и дека ќе го пронајдете!

Златото повторно е моден тренд што не е тешко да ве освои. Магијата на овој благороден метал, камењата и имагинацијата на дизајнерот, еднакво како и мајсторијата на создавачот, никого не оставаат рамнодушен. Но, според нашата традиција, во секое парче златен накит е вткаена и некоја приказна со уникатна вредност. Златниот накит што се предава од колено на колено е симбол на врската помеѓу луѓето што ги спојуваат длабоки емоции и значајни настани, но истото тоа останува и како вечна врска помеѓу луѓето што од некакви причини се разделуваат.

Нашата препорака е секогаш накитот да зборува наместо вас. Затоа ви нудиме многу модели со кои ќе кажете – „те сакам“, „ти ветувам“, „засекогаш“, „благодарам“, „прости ми“… Но ако не се доволни нашите идеи, донесете ваши, ќе ги реализираме! Нудиме многу персонализирани парчиња накит (ланчиња во облик на дечиња или миленици, инструменти…, со гравирани букви или имиња) персонални пораки на плочки алки… Ако немате идеја, дојдете со приказна и ќе создадеме и идеја и реализација. Нашата рутина е во „кај нас само за добро“, сѐ друго е различно и уникатно“, велат Елза и Енди, сопственици на „Адор голд“.

Адреса:

Стара скопска чаршија

тел.: 072 680 336

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.